Connect with us

Македонија

Државниот инспекторат за земјоделство со демант на изјавата на Трипуновски во врска со откупот на зелка

Media Press

Објавено на

„Инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство изминативе две недели се постојано на терен и вршат контрола на откупот на  зелка и други рано градинарски земјоделски производи. Покрај инспекторите од Струмица, анагажирани се и инспкторите од Скопје и од другите градови на државата.

Досега се извршени преку 70 надзори над откупот на земјоделски производи во Струмичкиот, Валандовскиот и Гевгелискиот регион. Изготвени се повеќе записници, а дел од нив се изготвуваат. Констатирани се одредени неправилности и непочитување  на законите и подзаконски акти кај одредени компании кои се занимаваат со откуп на земјоделски производи  и изречени се повеќе казни, поведени се постапки за порамнување и се изготвуваат и прекршочни пријави. Покрај контролите на откупните пунктови започнати се и детални контроли во седиштата на овие компании на севкупното нивно работење. Сите овие активности се одвиваа интезивно и покрај сложените услови предизвикани од пандемијата.

Овие инспекциски надзори интезивно ќе продолжат и во наредниот период и ќе се спроведуваат неселективно. Сите оние кои ќе ги прекршат прописите ќе бидат санкционирани.

Вчера дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски даде изјава во повеќе медиуми дека инспекторите не можел ги види  на терен, што е апсолтна невистина и информирани сме дека тој разговарал веќе со некои откупувачи каде што е извршен инспекциски надзор. Можеме да констатираме дека изнесување на невистини и омаловажување на работата на инспекторите, особено во вакви сложени услови не се потребни.  Само да се потсетиме дека вакво негирање на работењето на Државниот инспекторат за земјоделство од Трипуновски беше изнесувано и за време на откупот на тутунот кога беа  откупени  над 99% од договорените количини на тутун по историски највисока цена, при што за време на откуп на тутунот   Државниот инспекторат за земјоделство изврши преку 4.000 инспекциски надзори.

Воедно ја користиме оваа прилика да потенцираме дека според податоците на Царинската управа оваа година се извезени над  21.000  тони зелка. Фитосанитарните инспектори  на Државниот инспекторат за земјоделство ,заедно со вработените во Царинската управа, работеа без прекин до вечерните часови со што се овозможи извозот на зелката и на другите раноградинарски производи да се реализира без било каков засотој“, стои во демантот од Државниот инспекторат за земјоделство. 

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе