Connect with us

Македонија

Oд денеска дозволи за движење во полициски час преку порталот uslugi.gov.mk

Media Press

Објавено на

Сите дозволи за движење во полициски што ги обезбедува МИОА, одсега се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk.

Дозволата на лицето што ја бара ќе му се издаде по електронски пат на мејл и нема потреба од физичко доаѓање. Лицето електронската дозвола може да ја покаже и на мобилен ако му биде побарана за проверка, нема потреба да ја печати. Дозволите имаат код кој полицијата може да  го скенира и да провери во регистарот на МИОА дали е дозволата валидна.

Манчевски на поставените прашања одговори и потсети дека МИОА издава дозволи за движење на граѓани од различни категории за време на полициски час. Компаниите даваат дозволи за своите вработени и истата може да се користи само за движење од домот до работно место и назад.

Министерот Манчевски апелира одговорно однесување при користење на дозволите, да не се злоупотребуваат.

Барање може да поднесе само лице кое што е овластено за одредено правно лице (фирма). Фирмата за чии вработени се бара идавање на дозвола, се наведува во барањето. 
Барателот може да побара дозвола само за лица кои се вработени во фирмата.
Во секое барање потребно е да се специфицира временскиот интервал за важење на дозволата, причината за издавање на дозволата, email адреса на вработените лица
стои во описот на услугата на порталот https://uslugi.gov.mk

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе