Connect with us

Македонија

30.000 деца од семејства во социјален ризик добија бесплатен интернет за следење на онлајн настава

Media Press

Објавено на

Во соработка со Министерството за информатичко општество и Министерството за образование и наука,  Македонски Телеком ќе им донира на децата од ранливи социјални категории да бидат вклучени во процесот на онлајн учење до крајот на учебната година. 

Преку 30.000 ученици од нашата земја, кои доаѓаат од семејства со социјален ризик ќе добијат мобилен интернет за следење на задолжителната онлајн настава.

„Имајќи предвид дека има ученици кои немаат интернет пристап за следење на наставата преку далечинско учење, се наметна потребата да им помогнеме. Интернетот ќе биде наменет за овозможување на пристап до платформите за учење, согласно насоките и мерките од Министерството за образование и наука. На овој начин не оставаме ниедно дете. На сите им обезбедуваме интернет за да може да ја следат наставата. Ова се вонредни времиња и потребна е вонредна помош“, истакна министерот Манчевски.

Донацијата е наменета за ученици од основните и средните училишта, а интернетот  ќе може да се користи само за наставните програми на Министерстото за образование и наука.

„Согласно податоците кои ги добивме од Министерството за труд и социјална политика  вкупно 30.000 ученици кај нас, потекнуваат од социјално загрозени семејства. Денес, на сите нив им го олеснуваме вклучувањето во следењето на наставата преку интернет. “, истакна министерот за образование Арбер Адеми.

„Еден од најголемите приоритети во вонредната ситуација е непречено образование на децата. Ние имаме обврска не само да обезбедиме силна и стабилна интернет врска, туку и да придонесеме кон еднакви услови за учење за сите деца. Инклузијата на ранливите категории во дигиталниот свет е обврска на сите, особено сега, кога единствениот пат по кој се движиме е онлајн“ – изјави директорто на   Македонски телеком Никола Љушев.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе