Connect with us

Македонија

МЗ: Најчестите поставувани прашања за коронавирусот и ризиците во бременоста

Avatar

Published

на

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во текот на бременоста? Што доколку здрава трудница има позитивен тест? Дали ако сум позитивна на КОВИД-19 треба да бидам одделена од своето бебе? Дали можам да дојам ако имам коронавирус? Ова се само дел од прашања што секоја трудница си ги поставува во периодот со справувањето со пандемијата од коронавирусот, информира Министерството за здравство.

„Интернационалното здружение на гинеколози и акушери (ISUOG) и протоколот објавен на 26 март 2020 година ги објави најчестите поставувани прашања за КОВИД-19 и ризиците во бременоста.

1) Како да се однесуваат трудниците и дали се препорачува редовно да се прават Антенаталните контроли?

– Антенаталните контроли во текот на бременоста се особено важни, не само за вашето здравје туку и за добросостојбата на вашето бебе. Сепак во овој период на активна пандемија се препорачува да се намали бројот на задолжителните антенатални прегледи во бременоста, но само при нормален тек на бременоста и кај трудници кои немаат лошо акушерско минато или други минати здравствени проблеми – односно немаат ризични фактори за евентуална појава на патолошка бременост.

2) Што доколку имам барем еден од симптомите на оваа инфекција, а сум бремена?

– Доколку имате барем еден од симптомите на оваа инфекција потребно е да се јавите на преглед кај вашиот лекар. Секогаш поставете ја маската пред да излезете од дома, држете растојание најмалку 2 метри од останатите, особено откако ќе пристигнете во болницата или во амбулантата и најдобро телефонски најавете го вашето доаѓање. Во епидемиолошката анкета задолжително пријавете ги во целост вашите симптоми и контакти со можен ризик.

3) Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во бременоста?

– Имаме мошне малку публикации досега, па последователно на тоа и недоволен број информации за бремени жени што се разболеле од КОВИД-19. Од досега објавените докази се чини дека помал е бројот на трудници што се позитивни или болни од КОВИД-19 во споредба со останатите жени на таа возраст. Жените со други здравствени проблеми, особено тие со хронични заболувања на респираторниот систем, висок крвен притисок, дијабетес, имаат поголем ризик од ова заболување и за нив постои поинаков протокол за следење на бременоста и породувањето.

4) Што доколку здрава трудница има позитивен тест?

– Повеќето здрави трудници кај кои тестот за Ковид 19 ќе биде позитивен, би требало, доколку се без симптоми или со блага симптоматологија, да бидат згрижени дома, а да останат во комуникација со својот матичен гинеколог и лекар. Доколку кај нив симптомите почнат да се влошуваат, неопходна е хоспитализација.

5) Дали има разлика во однос на последиците за плодот во која гестациската недела, месец од бременоста ќе се зарази пациентката?

– Колку актуелното вирусно заболување е поблиску до веројатниот термин за породување, толку се помали ризиците за плодот. Најголем ризик за плодот постои доколку трудницата рано во бременоста се стекне со вирусот, се разболи и е со ризик за предвремено породување.

6) Дали  постои ризик за структурни и развојни аномалии за моето бебе ако во бременоста сум позитивна или заболена со КОВИД-19?

– Според објавените достапни податоци, се претпоставува дека не постои пренесување од мајкaта на плодот за време на бременоста. Нема знаци дека КОВИД-19 ги зголемува ризиците од аномалии на плодот, иако знаеме само за неколку жени што го добиле вирусот во периодот на органогенеза, односно во првите три месеци по забременување. Некои студии со слични вируси сугерираат дека бебето може да не расте доволно, соодветно за гестациската недела, т.е. да се здобие со интраутерин застој во растот (IUGR) по инфекција слична на КОВИД-19. Заради навремено воочување на овие компликации, повеќето експерти препорачуваат најмалку еден ултразвук по 2 до 4 недели од завршување на инфекцијата за да бидете сигурни дека плодот добро се развива.

7) Кои се ризиците во тек на породувањето?

– Ако имате КОВИД-19 и сте во активна фаза на породување, поради можна хипоксија (недостиг на кислород) или застој во породувањето, може да биде отежнато спонтаното вагинално породување и во тој случај препораките се породувањето да се заврши со царски рез. Во моментот нема друга причина да се избере царски рез наместо вагинално породување кога мајката има ковид-19, освен ако не станува збор за предвремено породување или постои некоја друга акушерска индикација за царски рез од страна на мајката или на плодот.

8) Дали ако сум позитивна на КОВИД-19 треба да бидам одделена од моето бебе?

– Честопати се препорачува да останете со вашето бебе ако се чувствувате добро. Некои околности може да бараат да бидете одделени од вашето бебе. Потребно е да бидете многу претпазливи за да избегнете пренесување на вирусот на вашето бебе. Ова најдобро се прави со доволно долго и детално миење на рацете пред да го допрете бебето, да избегнувате допирање на лицето на бебето, да избегнувате кашлање или кивање во близина на бебето и да носите маска тип FFP3 или P100 кога се грижите за него.

9) Дали можам да дојам ако имам ковид-19?

– Од досега споделените научни докази, неколку трудници заразени со коронавирус биле тестирани и во млекото не е пронајден знак за вирусот. Значи, се чини дека мајчиното млеко е безбедно за вашето бебе дури и ако имате КОВИД-19. Но, во исто време, треба да бидете претпазливи за да избегнете пренесување на вирусот на бебето. Друга одлична опција е да да носите маска тип FFP3 или P100, да го измолзете вашето млеко и да имате некој што не е болен да го нахрани бебето“, објави Министерството за здравство.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Avatar

Published

на

 Во интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.

„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.

Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.

„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.

Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.

До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени

Avatar

Published

на

„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.

„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.

Прочитај повеќе

Македонија

Ангелов: Поранешен командант на УЧК, а сега премиер на Влада има право да разрешува функционери, но конечната одлука ја носи Владата

Avatar

Published

на

Колку тоа некому да не му се допаѓа, вклучително и на мене, непобитен факт е дека поранешниот командант Форина од УЧК денес е легитимен претседател на македонската Влада, вели диреторот на ЦУК Стојанче Ангелов на Фејсбук по најавите на техничкиот премиер Талат Џафери дека ќе го разреши ако ја напушти коалицијата.

„Како Премиер тој има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на Премиерот за мое разрешување, подршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување.

Свесен за комплексноста на мојата професионална и политичка позиција јас благовремено го известив најпрво генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ а потоа и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Двајцата се изразија позитивно за мојата професионалност како директор на ЦУК и сугерираа дека во овој чувствителен период за државата треба да останам на чело на оваа значајна институција без разлика на политичката одлука на Достоинство за напуштање на владината коалиција.

Нивниот коректен став го објавив јавно пред неколку дена на прес конференцијата на која ја известивме јавноста дека излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ. Оттука сметам дека мојата средба со премиерот Талат Џафери, со кого од поодамна имам коректна комуникација, барем на оваа тема е излишна, бидејки, повторувам, Достоинство јавно објави дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ.

Како директор на ЦУК мој приоритет секогаш бил, е, и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција. Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука“, стои во фб објавата на Стојанче Ангелов.

Прочитај повеќе