Categories: Македонија

Владата донесе уредба да се регулираат трошоците за СЈО, за стручните служби и за комуналии

Владата на 2 април донесе уредба со законска сила со која се регулираат определени отворени прашања кои се однесуваат на СЈО, а за кои во моментов постои правна празнина бидејќи новиот Закон за јавно обвинителство сè уште не е стапен во сила.

Уредбата со законска сила ги регулира прашањата согласно новиот Законот за јавно обвинителство којшто ќе почне да се применува на 30 јуни 2020 година, кога СЈО ќе престане да постои, а до тогаш државата мора да надмине одредени правни состојби, информираат од Владината прес- служба.

„Потсетуваме дека сите јавни обвинители од СЈО се вратени во матичните обвинителства од кои дошле. Во СЈО има вработени стручни служби, како јавнообвинителски службеници и помошно-технички персонал, кои имаат важечки договори за вработување кои произведуваат правни последици. 

Исто така, постојат комунални трошоци за зградата во која е сместено СЈО. Сите овие трошоци, дали се за плати за стручните служби или за комуналии, се засновани врз важечки и валидни договори и истите мора да бидат подмирени. 

Граѓаните треба да знаат дека доколку државата си дозволи овие трошоци да бидат наплатени по судски пат, во тој случај средствата кои би биле платени од Буџетот би биле многу поголеми заради каматите, судските и адвокатските трошоци. 

Владата оцени дека порационална опција е обврската која во секој случај ќе биде платена од Буџетот, да биде платена надвор од судска постапка и со помало чинење за Буџетот“ стои во известувањето од Влада. 

„Ја информираме јавноста дека никако не станува збор за зафаќање нови или дополнителни средства, туку се работи за веќе планирани средства кои се однесуваат само на платите на стручните служби и на тековните комунални трошоци, а не и за обвинителите кои веќе се прераспределени во други обвинителства каде остваруваат плата.  

Исто така, со оглед на тоа што за овие лица кои се вработени во СЈО, немаше овластен потписник, истите не можеа да го остварат ниту правото на прекин на работниот однос, ниту пак да се вратат во институциите од кои беа превемени. Со оваа уредба се овозможува Јавниот обвинител на Република Северна Македонија да може да одлучува за правата од работен однос за овие лица.

И на крајот, со оваа уредба дадена е можност истражителите да бидат распределени во други јавни обвинителства или вратени во МВР или во други институции во кои се вработени со цел нивно продуктивно ангажирање“ додаваат од Влада.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago