Categories: Македонија

Вкупно 72 лица не ја почитувале забраната за ограничување на движењето

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку социјалните медиуми изрази благодарност до граѓаните кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето на граѓаните како една од мерките за справување со корона вирусот.

Во таа насока согласно статистиката на МВР во текот на изминатото деноноќие:

Вкупно 72 лица во државата не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, 2 лица се на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години.
Приведени се 59 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување.

 На 88 лица се издадени решенија за изолација, а 55 лица потпишале изјава за самоизолација.

 Во државен карантин се спроведени 4 лица.

 Во периодот од 07.00 часот на 05.04 до 07.00 часот на 06.04.2020 година на подрачјето на Куманово регистрирани се 6 прекршувања на мерката забрана за движење. Преземени се мерки и активности, при што за 3 лица се земени податоци, а 3 лица се лишени од слобода и за истите ќе следи соодветен поднесок.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago