Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по
градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1.
Еден од случаите пријавен од ЦЈЗ Куманово по место на живеење е
од општина што припаѓа под Подрачната единица Крива Паланка. Со ова, вкупната
бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 570 лица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3
пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката,
без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со
претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години.
Од оваа клиника денеска се
испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште
три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и истите се сметаат
за оздравени.
Во изминатото деноноќие направени се 202 тестови. Од нив преку
ИЈЗ- 168, преку Ветеринарен факултет –0, Авицена –11 , Биотек – 0 и Фипил Втори
(Жан Митрев) – 23. Досега во земјата се направени 5.493 тестирања на Ковид-19.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 239, Куманово – 121, Дебар – 49, Штип – 20, Прилеп – 33, Тетово – 29, Струга – 25, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 4, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крив Паланка- 3, Радовиш -4, Крушево – 2, Кочани – 14, информира министерот за здравство Венко Филипче.