Македонија
14.500 денари за месеците април и мај, за спортистите и спортските работници
Објавено на
Од
Media Press
„Директна помош од 14.500 денари за месеците
април и мај, средства наменети директно за спортистите и спортските работници,
со цел да се зачуваат нивните работни места и олеснување на работниот процес во
кризни времиња“, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата
за млади и спорт, Дарко Каевски кој информираше за донесената уредба со
законска сила на Владата со која се утврдува исплаќање на финансиска поддршка
за спортистите, стручни лица и спортска администрација.
„Оваа финансиска поддршка се обезбедува од
Буџетот на Република Северна Македонија и се исплаќа врз основа на статус на
вработен или ангажиран со договор на лице во клубови и национални спортски
федерации, кои имаат решение за вршење дејност спорт. 14.500 денари помош од
АМС за месеците април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано
минимум 40 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно
имаат регистрирано минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните
спортови“, објасни Каевски.
Сите лица кои спаѓаат во оваа категорија е
потребно до 15 април 2020 година, да достават барање за исплаќање на финансиска
поддршка по електронски пат до Националната спортска федерација, а потоа
Националните спортски федерации во рок од 7 дена ги доставуваат барањата со
потребната документација до Агенцијата за млади и спорт.
Формуларот на барањето, уредбата за финансиска
поддршка и целокупниот процес ќе биде објавен на веб страната и јавните гласила
на Агенција за млади и спорт и Националните спортски федерации.
Покрај оваа мерка, која овозможува директна
поддршка на спортистите и спортските работници, креиран е дополнителен пакет
мерки со кои се олеснува работата и функционирањето на клубовите во оваа
состојба.
Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди
финансиски средства за реализација на Националниот спортски систем на сите
Национални спортски федерации по завршувањето на кризата до крајот на 2020
година и ќе ги финансира програмите на индивидуалните врвни спортисти на
олимписките спортови, односно тренажниот и натпреварувачкиот процес за 2020
година.
Во соработка со федерациите, Агенцијата за млади
и спорт ќе ги ослободи клубовите за плаќање годишна членарина или котизација,
што клубовите имаат обврска да ја платат до крајот на 2020 година.
Директорот Каевски најави дека Агенцијата за
млади и спорт ќе поднесе предлог до Владата за 50 отсто намалување на цените на
услугите на спортските објекти кои што се во надлежност на институциите, како и
препорака за истиот принцип на функционирање до општините и локалната
самоуправа.
Поврзани содржини

За претседателот Глигоров Европа беше национална цел, порача Филипче, на синоќешниот свечен настан по повод 35 години од независноста, во организација на СДСМ

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

63 празни столчиња и по една бела роза на нив, една година од трагедијата во Кочани

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

Бачев: ЛИНЕАРНО ИЛИ ПРОЦЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИИТЕ

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

