Македонија
Мобилната болница е подготвена, се дуплираат капацитетите за згрижување на пациенти со COVID-19
Објавено на
Од
Media Press
„Инженерските единици на Армијата, но и тимот во Воено медицинскиот центар на Армијата, покажаа дека се тука кога треба, и веднаш се мобилизираа и обезбедија квалитетен резултат. Тука не запира ангажманот. Како што гледате сега почнува целосното опремување на оваа мобилна болница. Ние се надеваме дека нема да мора да се користат сите капацитети, меѓутоа мора да се обезбедат дополнителни капацитети и тоа најдобро како што е сега во кругот на клиничкиот центар. Оваа варијанта да имате сѐ во непосредна близина на инфективната клиника навистина е квалитетно, добро и ефикасно решение“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при вчерашната обиколка на мобилната болница .
Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов извршија обиколка на мобилната болница при што го изразија задоволството од ефикасната соработка на институциите со што се дуплираат капацитетите за згрижување на пациенти со COVID-19.
Министерот за здравство Венко Филипче изрази благодарност до вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и градоначалникот на градот Скопје за експресното расчистување на просторот и поставување на мобилната подвижна болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби
„Ова беше место каде со години стоеја напуштените бараки на студентскиот дом „Медицинар“. Се расчисти плацот и се обезбеди место, каде што се постави оваа мобилна болница, која ќе има капацитет од 130 кревети. Практично дуплирајќи го капацитетот на Инфективната клиника. Целосната инсталација и ставањето во функција ќе биде во текот на следната недела. Искрено се надеваме дека нема да биде потребна, сега засега, зашто нешто над 50 проценти е пополнет капацитетот на самата клиника. Верувам дека ќе имаме крива на прием на нови пациенти која што ќе биде практично амортизирана од клиниката“, потенцираше министерот Филипче.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја истакна одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Министерството за здравство, Министерството за одбрана и Градот Скопје.

Поврзани содржини

Расте бројот на Ковид- позитивни и во Радовиш, 13 нови случаи во денешната евиденција, во Струмица 47

Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти со што бројот на активни случаи се намали на 13.628

Радовиш досега со најголем број нови случаи на Ковид- 19 за два дена. Дали е резултат на празничното дружење?

24 нови случаи на Ковид -19 во општините во Југоистокот според последните податоци

Бројот на заболени од Ковид-19 во пораст, можни рестрикции за невакцинираните

254 нови случаи на ковид-19, починати се 16 лица

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

