Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, залихи на храна има доволно

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Министерството за економија оствари работна средба со претставниците на мелничко-пекарската индустрија во земјата.

Тема на состанокот беа залихите со пченица и брашно во земјата, како и проблемите со кои што се соочува мелничко- пекарската индустрија и последниците од Коронавирусот Ковид 19.

Министерот Бектеши истакна дека оваа индустрија е многу важна во целокупната економија во државата, но истовремено е многу важна бидејќи ги произведува најосновните продукти во оваа кризна ситуација, односно брашно.

„Откако се прогласи панедемијата Владата и Министерството за економија интензивно работеа и работат на донесување на одлуки и уредби кои што се од значајна важност не само за граѓаните туку и за работата на компаниите. Сакам да информирам дека од почетокот на оваа пандемија. Северна Македонија немаше големи проблеми со снабдување на брашно за граѓаните, ниту зголемување на цените на брашното. Ние донесовме одлука за замрзнување на цената на основните прехранбени продукти со што овозможивме да се заштитат граѓаните од ценовни шокови. Сакам да ја информирам јавноста дека согласно сите податоци кои што ги имаме оваа индустрија работи одлично во моментов има доволно залихи на брашно, посебно откако Србија повторно дозволи извоз на пченица. Во таа насока Министерството за економија работи на измена на Уредбата со која беше забранет извоз на пченица и брашно во други земји, повторно да биде дозволено. Со тоа се овозможува оваа индустрија повторно да може да ги извезува своите производи“ информираше министерот Бектеши по состанокот со мелничарите.

Тој додаде дека на состанокот со претставниците од мелничката индустрија е разговарано и за донесување на други мерки кои што во иднина треба да го превземе Владата се со цел да се олесни увозот на пченица.

„Наша крајна цел е нашите мелнички производи да бидат конкурентни и на домашниот и на регионалните пазари.Ние како Министерство за економија постојано ги следиме цените и снабдувањето на основните производи се со цел да обезбедиме квалитетно и навремено снабдување со основни прехранбени производи за нашите граѓани, а при тоа да нема зголемување на цените“ потенцираше Бектеши.

Претседателот на здружението на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ истакна дека во почетокот на кризата со Коронавирусот се создаде зголемена побарувачка на брашното, со самото тоа се зголемија и цените на пченицата на светско ниво и во опкружувањето. Но тој истакна дека нема потреба за создавање на паника кај граѓаните бидејќи има доволно залиха кај граѓаните.

„Залихите се доволни, нема потреба за паника за тоа , извозот на пченица од Србија во регионот е дозволен и нема проблем со транспортот. Имавме мала правна блокада со Уредбата која што ја донесе Владата, но еве во разговор со министерот добивме уверување дека тоа ќе се реши“ истакна Малишиќ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago