Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар со дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ на денешната прес конференција изјавија за вториот пакет мерки на Владата насочени кон надминување и ублажување на последиците од здравствено-економската криза, покрај заштита на работните места, една од клучните мерки е и паричната помош на лицата и семејствата на кои таа им е потребна.
– Владата покажува темелен пристап, кон потребите на различните општетствени сегменти затоа што брзината на закрепнувањето по кризата зависи од мерките преземени за време на кризата. Затоа со вториот пакет мерки, покрај заштита на работните места, една од клучните мерки е и паричната помош на лицата и семејствата на кои таа им е потребна. Конкретно на лицата кои останеле без работа или биле дел од неформалната економија им овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита преку остварување на правото на минимална гарантирана помош.
За добивање на оваа помош од Владата, материјалната необезбедност на лицата ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството, по сите основи сметано само за последниот месец наместо досегашните три месеци. Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија, со брз влез во системот на социјална заштита, ќе земаат минимална материјална помош.
Се повикуваат сите лица да аплицираат да им помогнеме, рече заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар. Мерката ќе трае важи само во Април и Мај.
Дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, ги спомна мерките за заштита на децата како најранлива категорија во оваа кризна состојба, при што Владата донесе Уредба со која условот за потврда за редовност за исплата на образовниот додаток за трет и четврти мерен период од учебната 2019/2020, престанува да важи и ќе продолжи да важи и да се исплаќа без разлика што не се одржува редовна настава.