Од денеска започна да функционира автоматскиот уред за дезинфекција на моторни возила на влезот во Радовиш кај бензинската пумпа на булеварот, а во постапка на поставување е и системот на влезот од кај село Раклиш. Градоначалникот Герасим Конзулов рече дека како општина ги преземаат сите потребни мерки со цел да се заштити населението од корона вирус. Но и повторно упати апел да се почитуваат мерките и препораките.
Се врши и редовна дезинфекција на јавните површини и дезинфекција на станбените згради за колективно домување. Од утре повторно се пушта во употреба и градскиот пазар, со цел како што рече Конзулов земјоделците да можат да си ги продаваат своите производи но и да не се ствара гужви по маркетите и пиљарите.
Конзулов спомна дека општинската администрација работи со намален интензитет и се работат само итните и неодложни работи, а од наредната недела повеќето ќе го користат својот годишен одмор.
Во однос на казните за радовишани кои не го почитуваат полицискиот час Конзулов рече дека премногу се навикнати граѓаните на демократија и на ја сваќаат сериозно ситуацијата, при што повторно апелира на свесност и одговорност со цел заштита на самите себе и на останатото население.
Општината обезбеди и 120 прехранбени пакети, кои се поделени на
ранливите категории граѓани заедно со мобилниот тим на Црвениот крст.