Connect with us

Радовиш

Поставени автоматски уреди за дезинфекција на моторни возила на влезот во Радовиш

Avatar

Published

на

Од денеска започна да функционира автоматскиот уред за дезинфекција на моторни возила на влезот во Радовиш кај бензинската пумпа  на булеварот, а во постапка на поставување е и системот на влезот од кај село Раклиш. Градоначалникот Герасим Конзулов рече дека како општина ги преземаат сите потребни мерки со цел да се заштити населението од корона вирус. Но и повторно упати апел да се почитуваат мерките и препораките.

Се врши и редовна дезинфекција на јавните површини и дезинфекција на станбените згради за колективно домување. Од утре повторно се пушта во употреба и градскиот пазар, со цел како што рече Конзулов земјоделците да можат да си ги продаваат своите производи но и да не се ствара гужви по маркетите и пиљарите.

Конзулов спомна дека општинската администрација работи со намален интензитет и се работат само итните и неодложни работи, а од наредната недела повеќето ќе го користат својот годишен одмор.

Во однос на казните за радовишани кои не го почитуваат полицискиот час Конзулов рече дека премногу се навикнати граѓаните на демократија и на ја сваќаат сериозно ситуацијата, при што повторно апелира на свесност и одговорност со цел заштита на самите себе и на останатото население.

Општината обезбеди и 120 прехранбени пакети, кои се поделени на ранливите категории граѓани заедно со мобилниот тим на Црвениот крст.

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе