Македонија
Куманово бара целосна изолација (карантин) со точно утвредени протоколи за однесување на институциите
Објавено на
Од
Media Press
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржал состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Како што информираат од Општинскиот штаб на состанокот биле донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
„Бараме од Влада на Република Северна Македонија целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот и засилени поригорозни мерки за ограничувања.
Бараме од МВР да врши постојан увид и контрола во состојба и почитување на мерката за собирање на групи и движење на граѓаните не повеќе од пет како и запазување минимално растојание од 2 метри на следните локации: КЕЈ, Градски парк, Плоштад, Соколана и Парк кај градски базен. Препорака до граѓаните да ги почитуваат само мерките донесени од Влада на Република Северна Македонија и од Министерство за здраство а не од непроверени извори.
Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата на локација Средорек (ул.„Доне Божинов„) и украден е уред за прскање на локација помеѓу улиците „Биљановска„ и „Народна револуција„. Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини.Исто така информираме дека средствата што се користат на пунктовите за дезинфекција на возилата не се штетни ниту за луѓето, ниту за самите автомобили.
Бараме од граѓаните да ги отстранат, непрописно паркираните возила на јавно променти површини (тротоари и улици), за да може непречено да се врши дезинфекција на отворено. Во спротивно, не превземаме одговорност за евентуално оштетување на приватен имот“, стои во соопштението од општинскиот штаб за заштита и спасување од Куманово.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

