Министерството за здравство информира дека
на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа
двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од
78 години од Дебар.
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална
фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ
(Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете
хронични заболувања.
Во изминатите 24 часа направени се 392
тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По
градови: Куманово- 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола- 3, Струга – 2, Штип-1,
Прилеп – 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:Скопје- 176, Дебар – 47, Куманово – 47, Штип- 15, Тетово – 8, Прилеп – 10, Струга – 7 , Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Крива Паланка – 1, Струмица – 1, Гевгелија – 1.
Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.
.