Македонија

Министерката за правда со писмо до судовите, со инструкции како ќе работат во вонредна состојба

Почитувани судии и јавни обвинители, адвокати, вработени и други претставници на правосудниот сектор, во овие исклучително тешки времиња за граѓаните, дозволете најпрвин да ви посакам на сите добро здравје и надеж за брзо нормализирање и справување со оваа состојба, стои во писмото од министерката Рената Дескоска.

Честитајќи  и го Денот на македонското правосудство, Дескоска и посака   успешна имплементација на реформите во правосудството.

„Дозволете ми да ве информирам дека со утврдувањето на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија, се јави потреба од донесување на Уредба со законска сила за роковите во судските постапки за време на  вонредната состојба и постапувањата на судовите и јавните обвинителства.

Оваа уредба се донесе за заштита на здравјето на сите учесници во постапките пред судовите и обвинителствата, без да биде нарушено правилното спроведување на правдата.

Во неа е уредено не само прашањето за запирање на течењето на роковите туку и се овозможува одржување на расправии и сите дејствија на постапките преку интернет со употреба на електронски средства.

Законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен  спор,   иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, престануваат да течат во моментот на стапување во сила на оваа Уредба се до престанување на вонредната состојба.

Роковите за застарување за кривично гонење, поведување и водење на прекршочна постапка,  за извршување на кривичните и прекршочните  санкции престануваат да течат течат од денот на стапување во сила на оваа уредба, па се до завршување на вонредната состојба. Во кривичните и прекршочните постапки, роковите за изјавување на жалба или приговор на одлуките со кои постапката завршува, како и за изјавување на вонредните правни лекови, престануваат да течат течат од денот на стапување во сила на оваа уредба, па се до завршување на вонредната состојба.

Исто така, се наведува дека издавањето на упатните акти за изречена казна затвор до три години се одложува до 1 септември 2020 година, освен за предмети каде што постои опасност за застарување на извршување на казната.

На судиите–поротници на кои мандатот им истекува за време на траење на вонредната состојба, по сила на оваа Уредба, мандатот им се продолжува се до завршување на постапката по судскиот предмет.

Доколку некој суд или негово одделение, заради преземени мерки за спречување на ширење на вирусот КОВИД-19 (изолација на судии и сл.), не може да постапува по итни предмети, се предвидува дека Судскиот совет ќе определи да постапува друг стварно надлежен суд од ист степен.

Воедно, Судскиот совет може да донесе одлука и да пропише начин за одржување на расправи и преземање на сите други дејствија на постапката со користење на електронски технички средства кои обезбедуваат двонасочна комуникација без заедничко физичко присуство на учесниците во постапката.

На крајот, апелираме сите судови и јавни обвинителства да се придржуваат на одлуките  на Судскиот совет на Република Северна Македонија, за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19 и на Задолжителните упатства на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, донесени во  врска со вирусот КОВИД-19, како и на препораките на Министерството за здравство“ стои во писмото од министерката за правда Рената Дескоска.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago