Во периодот од 23-27 март годинава шест Инспекторати
спровле вкупно 7.633 надзори во различни сектори низ цела држава со цел да се
гарантира почитување на мерките и препораките на Владата за заштита од
КОВИД-19.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска,
денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од спроведените
инспекциски надзори.
„Во периодот од овие четири дена инспекторите од Државниот пазарен инспекторат
засилено работеа на терен и извршија вкупно 5.155 надзори. При тоа се затворени
вкупно 22 угостителски објект во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово. Државниот
пазарен инспекторат покрај контролите на угостителските објекти и на трговците
со одлука на Влада е задолжен да ги контролира и замрзнатите цени на одредени
производи. За периодот од 23-27 март овој инспекторат во соработка со
инспектори од Управата за јавни приходи направија вкупно 928 надзори на цените.
Во периодот од овие 4 дена кај над шеесетина трговци е утврдено покачување
претежно на цената на лимоните и истите по укажувањето ги вратија старите цени
од 11 март. Истовремено по излегување на терен од страна на инспекторите е
констатирано и дека има голем број неосновани пријави за зголемени цени на
лимони кај одредени трговци. Со оглед на тоа дека располагаме со ограничен број
на инспектори замолуваме пријавувањето да се прави само кога навистина има
реални непочитувања на владините мерки“, рече Филиповска-Грашкоска.
Претседателката на Инспекцискиот Совет истакна дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 23-27 март реализирал вкупно 748 контроли при што се донесени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораки за заштита на вработените од КОВИД-19.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од овие 4 дена извршил вкупно 246 надзори