Македонија

Апел до граѓаните да не се стигматизираат и осудуваат луѓето кои се сместуваат во државен карантин

Министерството за здравство и министерот Филипче апелираат до граѓаните да не се стигматизираат и осудуваат луѓето кои се сместуваат во државен карантин.

На вчерашната  редовна прес конференција, Министерот за здравство Венко Филипче упати порака до сите граѓани дека ова се времиња и ситуации во коишто не треба никој да биде стигматизиран, ниту заболените, ниту луѓето коишто се во карантин. Филипче потенцира дека луѓето во карантин се здрави луѓе, наши роднини и пријатели, а ова е модел којшто го штити колективното здравје и здравјето на секој граѓанин. Тие пристигаат во државата со организиран авионски превоз и со автобуси се превезуваат до хотелите кои се адаптирани во карантин.

„Се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чуствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски“ истакна Филипче.

„Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Ова се луѓе кои ги сместуваме во сосем добри, солидни услови и сите се прегледани. Постои процедура којашто се следи, начин како се постапува со луѓето коишто се сместуваат во карантините. Сите овие луѓе се прегледани од интернист и од епидемиолог, а досега нема ниту еден заболен од болеста од Ковид -19 вирусот. Неколку лица кои имаа симптоми на болест, се тестирани и истите се негативни, а кај нив е дијагностицирана настинка. Тие се исто така во рамките на тој карантин, но настрана од сите останати лица“, додава министерот Филипче.

Државниот карантин е задолжителен за сите наши граѓани кои се враќаат во земјата и истиот се спроведува се додека не завршат 14 дена, односно инкубациниот период на Ковид-19.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago