Македонија
Подготвени автобусите со кои ќе се превезуват граѓани кои пристигаат од Берлин, во хотелот Цар Самуил во Струмица
Published
4 години agoна
By
Media PressМинистерот за здравство Венко Филипче објави дека се подготвени автобусите со кои ќе се превезуват граѓани кои пристигаат од Берлин во хотелот Цар Самуил во Струмица.
„Подготвени се осумте автобуси со кои ги пречекуваме и превезуваме нашите сограѓани кои ни пристигаат од Берлин со летот во 17:00 часот. Со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, обезбедуваме транспорт до хотелот Цар Самуил во Струмица, каде ќе бидат во следните 14 дена во задолжителен државен карантин. Го штитиме колективното здравје и здравјето на секој граѓанин.
Се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чуствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски. Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома“ напиша Филипче на својот профил.
Поврзани содржини
Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово
Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници
На Светскиот ден на поезијата во Струмица ќе се одржат 16 Роднокрајни поетски средби
Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Ново Село, почина бебе
Одбележан чист понеделник со делење на бел посен грав на плоштадот во Струмица
Приведени три лица од Струмица, кај нив била пронајдена дрога
Избори 2024
Стартува изборната кампања за парламентарните избори
Published
20 часа agoна
април 18, 2024By
Media PressКоалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, со обраќање на претседателто на партијата Димитар Ковачевски, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид.
Коалицијата „Европски фронт“започна со активности во Скопје, со конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024.
Зијадин Села е избран за претседател на Собранието. Бујар Османи е избран за шеф на државата со гласање на пратениците во Собранието.
Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Во Куманово митинг ќе има Движењето ЗНАМ. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена прес-конференција на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.
Левица во Велес ќе има свои активности каде ќе се обратат и претседателот и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов.
Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…
Со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.
Во Државната изборна комисија, вкупно десет претставници на подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Седум претставници на подносителите на листи на кандидати за пратеници, меѓу кои претставници од коалиција Храбро за Македонија, партија Македонска ера трета, партија Левица, партија Единствена Македонија, партија Демократи, Работничка партија и Родина, не присуствуваа и не го потпишаа Кодексот за фер и декомратски избори.
Инаку, кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај, а се гласа на 8 мај кога граќаните ќе кажат кој од многуте кандидати ќе станат пратеници.
Избори 2024
Гордана Силјановска Давкова: На оваа ужасна пирамида македонска, на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, а долу останаа осиромашените
Published
21 час agoна
април 18, 2024By
Media PressПрофесорката Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред граѓаните на Велес рече дека е време да разбудиме по нешто од илинденците во секој однас.
„Народот се осиромаши, оваа транзиција како да нема крај, Македонија стана држава на социјални случаи мора да ставиме крај на тоа. Нема да дозволам носење на закони спротивни на уставот. Нам ни требаат добри закони со кои ќе ги решаваме вашите проблеми. Законот е во сверата на заштитата на јавното добро. Станаа пребогати на оваа ужасна македонска пирамида на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, ја нема интелегенцијата и средниот слој, долу останаа осиромашени граѓани, истакна Давкова пред граѓаните на Велес.
Таа додаде дека мора да се стави крај на зависносто судство, устаниот суд да ги штити уставот и законите, претседателто мора да знае дека веотото нее украс туку треба да се употреби кога е потребно. Таа праша колку пати претходниот претседател го употребил правото на вето?
Избори 2024
Пендаровски од Гостивар: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество
Published
22 часа agoна
април 18, 2024By
Media PressКандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.
Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.
Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.
„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.
Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.
Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.