Радовиш
Четири лица од Радовиш се возеле низ градот за време на полициски час
Објавено на
Од
Media Press
Две од нив бегале од полицијата и удриле во потпорен ѕид. Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе Предлог за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
„На 24 – 25.03.2020 година, во периодот од 21 часот до 00:30 часот, за време на епидемија – пандемија на опасната заразна болест коронавирус – COVID 19, двајца обвинети не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување, со тоа што постапиле според Одлуката за забрана и посебен режим на движење донесена од Владата на Република Северна Македонија. Тие биле предупредени од полициски службеници кај викенд населба на планината Плачковица за забраната на движење, но се упатиле по регионалниот пат кон Радовиш. На даден знак не застанале на полициска контрола кај с.Шипковица, ниту пак застанале на полициска контрола кај с.Раклиш. Потоа со возилото удриле во бетонски зид кај ГП Техника и без да застанат продолжиле да се движат по регионалниот пат кон с.Ораовица, каде во 00:30 часот од страна на полициски службеници биле пронајдени во нивниот дом. За стореното кривично дело, обвинителството предложи на судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.
Третиот обвинет на 25.03.2020 година, во 00:50 часот во Радовиш, не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на коронавирусот, бидејќи во време на забрана на движење на населението од 21 до 5 часот, со восило се движел по градот. Основното јавно обвинителство Радовиш предложи на судот на обвинетиот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.
Четвртиот обвинет го сторил делото на 24.03.2020 година, во 22:45 часот во с.Раклиш, општина Радовиш, кога за време на полицискиот час, со возило се движел по регионалниот пат Радовиш – с.Раклиш. Паричната казна која е предложена до судот за овој обвинет е во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност“.
Поврзани содржини

Комисијата за заразни болести препорачува укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни

Продолжува полицискиот час во истиот период од 24:00 до 04:00 часот наутро

Од утре полициски час од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден, започнуваат со работа и теретаните

Поддржан предлогот на Комисијата за заразни болести за полициски час од полноќ, дозволени се настани и други промени

Олабавување на мерките. Полицискиот час од 5 до 15 мај ќе започнува во 23:00 и ќе завршува во 05:00 часот

Полициски час од утре до 15 мај, исклучок само за Велигден и за Рамазан, угостителите ќе работат до 20:30 часот
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

