Радовиш
Казна за лице од Радовиш кое ја прекршило мерката за самоизолација
Објавено на
Од
Media Press
„Во текот на вчерашниот ден Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе Предлози за издавање казнен налог против три лица обвинети дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Имено, двајца од обвинетите спротивно на Одлуката на Влада на Р.С.Македонија за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 6 часот, со ПМВ ,,Цитроен“ се движеле по булеварот Александар Македонски каде биле запрени од страна на полициски службеници на МВР ПС Радовиш. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.
Третиот обвинет откако на 18 овој месец допатувал со товарно возило од Р.Грција – земја со среден ризик со зараза согласно Листата на Светската здравствена организација.На граничниот премин ,,Богородица“ бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус – COVID-19. На 20 март ја прекршил мерката за самоизолација и при извршена проверка од страна на полициски службеници на МВР ПС Радовиш не бил затекнат во неговиот дом. Обвинителството за овој обвинет предложи да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност“ стои во соопштението од Основното јавно обвинителство Радовиш.
Поврзани содржини

Три години затвор за возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“

Снежно првомартовско утро

Општина Радовиш го објави јавниот оглас за избор на најуспешни спортисти, спортски екипи и спортски работници

Известување до корисниците од Шаин Маало, Корчо Маало и околу „Полигонот“ од ЈП Плаваја Радовиш

Изречени над 800 казни за неносење маски

Казни за околу 3000 граѓани за последните три дена, за не носење на заштитна маска на лица
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

