Стартува првата бескаматна линија кредити, кој може да аплицира и кои се условите

Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот во справувањето со КОВИД-19.

Првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со КОВИД-19 од полноќ се достапни на компаниите. Развојната банка на денес на својата веб страница www.mbdp.com.mk го објави јавниот повик  за оваа прва кредитна линија, а аплицирањето почнува од 00:00 часот вечерва, соопшти на прес-конференција генералниот извршен директор на банката, Кире Наумов.

„Во оваа прва фаза, директно ќе ги кредитираме најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци“, рече Наумов.

Наумов објaсни дека износот на кредитот за кој ќе може да аплицираат претпријатијата зависи од бројот на вработени. Претпријатија до 10 вработени, ќе може да аплицираат за износ до 5.000 евра, претпријатија од 11 до 50 вработени,  ќе може да аплицираат за износ до 15.000 еврa, а оние од  51 до 250 вработени за износ до 30.000 евра. Најниската сума за којашто може да се аплицира е 3.000 евра.

„Почитувајќи ги препораките за заштита на јавното здравје, целиот процес за аплицирање за овие средства ќе се прави електронски и неопходната документација ќе се доставува на единствена е-мејл адреса објавена во Јавниот повик (kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk). Јавниот повик е достапен за сите на веб-страната на Развојна банка и во него се уредени критериумите кои треба да ги исполнуваат апликантите за овие бескаматни кредити, како и неопходните документи за аплицирање“, рече Наумов.

При подготовката на директната кредитна линија Банката и Владата посветија големо  внимание, да го олеснат значително процесот за аплицирање. При тоа, од документи се потребни тековна состојба, завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда за платени даноци и придонеси од УЈП, потврда дека за претпријатието не се води стечајна или ликвидациона постапка од Централен регистар, ЗП образец од Централен регистар и кредитна апликација која ја има на веб-страната на Развојна банка, како и соодветни изјави кои треба да се поднесат во прилог. Сите информации во врска со аплицирањето за кредитна линија може да се најдат и на следните профили https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti, https://www.facebook.com/Razvojnabanka/.

„Развојната банка ќе го следи развојот на настаните одблизу и ќе настојува и понатаму да биде поддршка на микро, малите и средни претпријатија во земјата, особено во овој период и периодот на закрепнување кој следи“, истакна Наумов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago