Општина Радовиш и градоначалникот Герасим Конзулов со демант на објавените информации од советникот Горан Поцев, во кој се вели:
“Демант за објавените лажни информации од советникот Горан Поцев!!!”
“Деновиве советникот Горан Поцев преку неговите официјални и затскриени профили на социјалната мрежа Фејсбук шири лажни информации дека сум бил во посета на земја со висок ризик и притоа избегнувам да се придужувам на препораките за самоизолација.
Во интерес на јавноста и точното информирање би сакал категорично да ги демантирам изнесените лажни тврдења од советникот Поцев, кој на тендензиозен начин свесно ја дезинформира јавноста со цел рушење на мојот углед и институцијата градоначалник Вистина е дека остварив дводневен престој во Р. Бугарија во период кога земјата беше со минимален ризик од КОВИД-19 и официјално се води како земја со НИЗОК РИЗИК.
Според препораките на нашето Министерство за здравство НЕМАШЕ ПОТРЕБА ОД САМОИЗОЛАЦИЈА за што поседувам и соодветна документација и официјална потврда. И покрај тоа, при извршување на работните обврски и состаноци секогаш користев заштитна опрема и мерки за дистанцирање како и редовна дезинфексија на работните простории.
За заштита на мојот интегритет и во интерес на јавноста во борбата против лажните информации размислувам да употребам и правна помош во насока на сузбивање на лажите кои перманентно ги пласира лицето Горан Поцев. Во време на пандемија, најопасни се оние што шират лажи, заговори, параноја со цел да привлечат внимание кон себе затоа што злобата и глупоста им се единствен начин за општествена реализација”, стои во демантот од градоначалникот Герасим Конзулов.
Градоначалникот Конзулов во телефонски разговор за mediapress.mk потврди, дека во Република Бугарија, бил во период кога во земјата имало минимален ризик од КОВИД-19, и дека официјално се води како земја со НИЗОК РИЗИК.