Categories: Македонија

Одобрена комбинацијата на терапија за пациентите заболени од корона вирус

„Комбинацијата којашто ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин, кој се покажа ефективен во повеќе земји, веќе од утрешниот ден ќе биде аплицирана на пациентите коишто се лекуваат кај нас и во болничките и домашни услови после соодветна индикација од лекарот – заради тоа што е потребна прво проценка на клиничката состојба поради тоа што се дава кај одредена група, не кај сите пациенти“, информираше министерот за здравство Венко Филипче по состанокот во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД .


На прес-конференцијата, министерот Филипче рече дека во изминативе 24 часа регистрирани се 12 нови случаи на коронавирус во земјава. Седум во Скопје и пет во Куманово. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани со коронавирусот до денеска до 12 часот изнесува 148 лица од кои едно е излекувано и 2 се починати.
Според  местото на живеење, досега случаи со Ковид-19 се регистрирани 88 во Скопје, 40 во Дебар, од коишто 1 лице е починато, Куманово 8, од коишто 1 лице е починато, Штип 7, Кавадарци 2, Охрид 2 и Гостивар 1 пациент.


На инфективната клиника, во моментов има 29 пациенти коишто се лекуваат стационарно. Од нив, една пациентка е во тешка општа состојба на респираторна машина, без промена во нејзината клиничка состојба во изминатите денови. Шест пациенти се со потешка клиничка слика, но сè уште респираторно самостојни, не им е потребна вентилаторна поддршка.

„Од денеска, Институтот за јавно здравје по план спроведува тестирање на сите лица коишто беа во врска со случајот на кожната клиника. Се работи за голема бројка, тие лица се сè уште во изолација и за да нема оптеретување за лабораторијата којашто во меѓувреме работи и други тестови од други пациенти од целата држава, ќе се тестираат луѓето во неколку циклуси. Во Куманово е направена интензивна комуникација со лица коишто освен лицата коишто се дијагностицирани со коронавирусот а во врска со починатата пациентка и засега ниту еден од другите членови на семејството нема клиничка симптоматологија“, потенцираше министерот Филипче.

Министерот Филипче рече дека одделението за трансфузиологија во Охрид е затворено заради тоа што персоналот бил во контакт со лице коешто како пациент отишло да подигне терапија преку системот „Мој Термин“, а после неколку дена се развиле симптоми кај тоа лице и сега е дијагностициран коронавирусот кај пациентот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago