Македонија
Одобрена комбинацијата на терапија за пациентите заболени од корона вирус
Објавено на
Од
Media Press„Комбинацијата којашто ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин, кој се покажа ефективен во повеќе земји, веќе од утрешниот ден ќе биде аплицирана на пациентите коишто се лекуваат кај нас и во болничките и домашни услови после соодветна индикација од лекарот – заради тоа што е потребна прво проценка на клиничката состојба поради тоа што се дава кај одредена група, не кај сите пациенти“, информираше министерот за здравство Венко Филипче по состанокот во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД .
На прес-конференцијата, министерот Филипче рече дека во изминативе 24 часа
регистрирани се 12 нови случаи на коронавирус во земјава. Седум во Скопје и пет
во Куманово. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани со коронавирусот до
денеска до 12 часот изнесува 148 лица од кои едно е излекувано и 2 се починати.
Според местото на живеење, досега случаи со Ковид-19 се регистрирани 88
во Скопје, 40 во Дебар, од коишто 1 лице е починато, Куманово 8, од коишто 1
лице е починато, Штип 7, Кавадарци 2, Охрид 2 и Гостивар 1 пациент.
На инфективната клиника, во моментов има 29 пациенти коишто се лекуваат
стационарно. Од нив, една пациентка е во тешка општа состојба на респираторна
машина, без промена во нејзината клиничка состојба во изминатите денови. Шест
пациенти се со потешка клиничка слика, но сè уште респираторно самостојни, не
им е потребна вентилаторна поддршка.
„Од денеска, Институтот за јавно здравје по план спроведува тестирање на сите лица коишто беа во врска со случајот на кожната клиника. Се работи за голема бројка, тие лица се сè уште во изолација и за да нема оптеретување за лабораторијата којашто во меѓувреме работи и други тестови од други пациенти од целата држава, ќе се тестираат луѓето во неколку циклуси. Во Куманово е направена интензивна комуникација со лица коишто освен лицата коишто се дијагностицирани со коронавирусот а во врска со починатата пациентка и засега ниту еден од другите членови на семејството нема клиничка симптоматологија“, потенцираше министерот Филипче.
Министерот Филипче рече дека одделението за трансфузиологија во Охрид е затворено заради тоа што персоналот бил во контакт со лице коешто како пациент отишло да подигне терапија преку системот „Мој Термин“, а после неколку дена се развиле симптоми кај тоа лице и сега е дијагностициран коронавирусот кај пациентот.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

