Connect with us

Македонија

Порака од Претседателот Пендаровски: Ве молам, не паѓајте со духот

Avatar

Published

на

Порака од Претседателот Стево Пендаровски до граѓаните на РС Македонија во врска со заштитата и справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19. Во обраќањето претседателот Пендаровски порачува дека самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот и повикува да им се помогне на немоќните и повозрасните. 

Од линкот во продолжение, видео материјал https://youtu.be/dDmIrSVfC7E

Интегрален текст од пораката:

Драги мои сограѓани, 

Знам дека секој ден сте преоптоварени со информации и прес конференции за ширењето на епидемијата и потполно го разбирам вашиот страв за  вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Ја разбирам и вашата загриженост од лошите вести и од проширувањето на рестриктивните мерки. И јас самиот ги имам слушнато не знам веќе колку пати апелите од надлежните да останеме дома и да избегнуваме физички контакти со околината. Меѓутоа, за сето тоа има голема причина. 

Во изминативе 20 години имаме поминато низ многу тешки работи, но, да бидам искрен, ваков смртоносен противник, досега, не сме имале. Пред неколку дена за првпат воведовме вонредна состојба, а завчера, исто така, за прв пат, полициски час на целата територија, каде што полицијата и армијата го контролираат влезот и излезот од сите населени места. 

Докторите и сестрите, војниците, полицајците и волонтерите се секојдневно на работа. Во одржувањето на стабилноста на системот огромен придонес даваат и вработените во трговијата, транспортот, услужните дејности, кои и покрај критичната состојба остануваат на своите работни места.

Додека целиот свет е во потрага по вакцина и лек, самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот. Знам дека ви е тешко, но, мораме да ги сочуваме нашите животи, и да им помогнеме на немоќните и повозрасните.  

Немаме друга опција во овој период освен да издржиме! Ве молам, не паѓајте со духот, сите заедно, ќе издржиме!  

Избори 2024

Мицкоски: Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај

Avatar

Published

на

-Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства ниту методи за да си ги задржат фотелјите. Добија жолт картон вчера, на 8 мај треба да добијат црвен. Црвен картон за цела влада. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства. Сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминатите денови. Ова е револуција на народот на Македонија и таа нема да запре. Затоа ве молам, ве молам за поддршка од сите. Повикувам за сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против оваа влада! Порача лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски: Нема предавање, се уште ништо не е одлучено, конечниот победник ќе се знае на 8 мај

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на вечерашната прес-конференција порача дека по првиот круг се уште ништо не е одлучено и дека конечниот победник ќе се знае на 8 мај. Иако, како што кажа, резултатот е далеку од очекуваниот, од утре продолжува со средби со граѓаните, за да го промовира концептот во кој верува, а тоа е напредна, демократска, просперитена и европска Македонија.

„Од утре е нов ден, се разбира дека веќе од утре почнуваме со средби со граѓани кои ги практикувавме и досега. И тргаме практично од нула. Знаете, дека имаше седум кандидати како никогаш досега и веројатно тоа беше една од причините зошто гласовите се поделија на повеќе страни. И веројатно некој од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг земаа дел од она што беше претпоставен електорат на првите два кандидати кои продолжуваат понатаму. Меѓутоа, повторувам, тргнувам од нула, тргнуваме од почеток. Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и мојата задача ќе биде како и во изминативе 20 денови да го промовирам концептот во кој длабоко верувам. Тој концепт на држава која не е изолирана, држава која е интегрирана во Европа и држава која внатре нема поделби по било која основа, е моето животно кредо, мојата политичка филозофија која ја застапувам не само овие 20 дена во кампањата, и не само овие пет години во претседателскиот мандат, туку откако паметам за себе“ порача Пендаровски.

Тој ги охрабри граѓаните, на 8 мај уште помасовно да го поддржат неговиот концепт кој меѓу другото е концепт на обединување, без поделби на граѓаните по ниту една основа.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски ја продолжуваат трката за претседател

Avatar

Published

на

Мирно и без позначајни изборни проблеми помина првиот круг од претседателските избори, на кои според освоените гласови, за трка во вториот круг кој ќе се одржи на 8 мај, се пласираа кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, како и кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.

Гордана Силјановска – Давкова, со освоени 362.682 гласови (99,82% преброени) е во значителна предност пред Пендаровски.

Односно кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски вчера во првиот круг од претседателските избори освои 180.306 гласови (99,85% преброени), што е првпат во историјата на партијата да освои помалку од 200 илјади гласови на парламентарни и претседателски избори.

Според податоците на ДИК, Давкова на вчерашниот прв круг победи во 60 општини, а Бујар Османи со освоени 120.903 во 15. Понатаму, Пендарвски освои најмногу гласови во три општини, а Арбен Таравари со освоени 83.356 победи во општината каде што е градоначалник, како и Максим Димитриевски кој освои 83.787 победи во Куманова каде каде што е градоначалник. Кандидатот од Левица Билјана Ванковска освои 41.172 гласа. најмалку освоени гласови имаше Стевчо Јакимовски 8103 гласови.

Вториот круг од претседателските избори, како и парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај. Во вториот круг од претседателските избори одат Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова.

Најмногу гласови во прв круг од претседателски избори досега СДСМ има освоено за Киро Глигоров, кој освои 715.087 гласови во 1994 година резултат кој тешко дека некогаш ќе се повтори за некој кандидат за претседател.

Прочитај повеќе