Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија со особено внимание и голема загриженост ги следи состојбите во нашата држава предизвикана од Корона вирусот, се вели во соопштението од СОНК, но не се согласува да се намалат платите на јавната администрација како шти вчера најави лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„СОНК
е убеден дека постојат и други решенија за надминување на економската криза,
решенија кои директно и радикално нема да се манифестираат врз работниците во
јавниот сектор. За таа цел, бараме, предлогот упатен до Владата за
намалување на платите до висината на минималната плата, односно до 14 500
денари, да се повлече.
Предлагаме,
под итно, да се воспостави социјален дијалог со синдикатите, да се слушнат и
нашите размислувања и предлози. Особено е важно, според нас, да се консултираат
и прифатат мислењата на економските експерти во нашата држава, без разлика на
политичкото убедување и дејствување. Секој издржан и добронамерен предлог,
поткрепен на база на длабока анализа и факти, треба да се прифати.
Конечно,
уште еднаш да го истакнеме нашиот став дека не го прифаќаме предложеното
намалување на платите во администрацијата, од страна на претседателот на СДСМ.
Апелираме до Владата, доколку ваков предлог дојде на дневен ред, да се отфрли.
Со тоа би се спречиле и дополнителни социјални и економски немири, што воопшто
не е исклучено со ваквата предлог мерка.
Впрочем, оваа криза не е само во
Македонија. Ваква предлог мерка, во држави слични на нашата, каде што има
економска криза, намалување на плати нема ниту во Србија, Црна Гора,
Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Косово, Бугарија,
Грција……..“ стои во соопштението од СОНК.