Categories: Македонија

29 нови случаи на заболени од Корона вирус, вкупно заболени 114 лица

Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114 јавуваат од Министерството за Здравство.

Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина.

Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.

Изминатово деноноќие, безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди. На терен, полициските службеници преземаат најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките на Владата и заштита на граѓаните и спречување на ширење на коронавирусот.

Апелираме до граѓаните да се придржуваат до сите мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Media Press

Recent Posts

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за обновување и одржување на семафорската сигнализација

ЈП „Паркиралишта Струмица“ започнува со активности за тековно одржување, санација и подобрување на функционалноста на…

4 часа ago

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

1 ден ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

1 ден ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

1 ден ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

4 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

4 дена ago