Македонија
Владата донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите
Published
4 години agoна
By
Media PressВладата на последната седница донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес.
Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, и заради тоа што Собранието не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.
-Во такви услови, а заради неопходната потреба успешно да се спроведат мерките за справување со коронавирусот во земјата, Владата донесе Уредба за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, кои се закажани за 12 април 2020 година.
Со оваа Уредба Владата ја задолжува Државната изборна комисија да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија и изборите, кои ќе продолжат откако ќе биде прогласен престанок на вонредната состојба.
Уредбата исто така, определува задолжување за Државната изборна комисија во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија, стои во соопштението од Владата.
Поврзани содржини
Што се е предвидено во Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година
ДОМ останува во Владата но под одредени услови
Четворица нови министри и пет заменик-министри, предлага Ковачевски по преговорите за влез во Влада на Алијанса за Албанците
Владата донесе одлука, казина и обложувалници на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта
ЈП Плаваја со известување за прекин на водоснабдувањето, на левата страна од течението на Радовишка река
Започна исплатата на финансиска поддршка, кој се ќе добие помош од Владата?
Избори 2024
Носителот во ИЕ 4 од Движење ЗНАМ – За наша Македонија Миле Цеков, јавно им се заблагодарува на граѓаните за поддршката
Published
2 часа agoна
април 26, 2024By
Media PressНосителот во ИЕ 4 од Движење ЗНАМ – За наша Македонија Миле Цеков, се заблагодари на граѓаните кои го дале својот глас за кандидатот за петседател Максим Димитриевски притоа потенцирајќи дека граѓаните испратиле јасна порака.
„Огромна благодарност до сите оние храбри граѓани кои ја дадоа поддршката за Претседателот Maksim Dimitrievski. Се роди новата политичка сила, граѓаните испратија јасна порака, позитивна енергија се шири низ цела Македонија. На граѓаните им е доста од корупција, неправда, сиромаштија, лажни ветувања и криминална власт. Ние од Движењето ЗНАМ јавно ветуваме, РАБОТА, РАБОТА, ЧЕСНОСТ…Во Македонија мора да има среќни богати граѓани, богати земјоделци а не богати политичари, редно време е да се стави ред.. Ви благодариме на вашата поддршка,“ објави Цеков на својот ФБ профил.
Избори 2024
Мицкоски: Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај
Published
14 часа agoна
април 25, 2024By
Media Press-Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства ниту методи за да си ги задржат фотелјите. Добија жолт картон вчера, на 8 мај треба да добијат црвен. Црвен картон за цела влада. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства. Сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминатите денови. Ова е револуција на народот на Македонија и таа нема да запре. Затоа ве молам, ве молам за поддршка од сите. Повикувам за сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против оваа влада! Порача лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Избори 2024
Пендаровски: Нема предавање, се уште ништо не е одлучено, конечниот победник ќе се знае на 8 мај
Published
1 ден agoна
април 25, 2024By
Media PressКандидатот за претседател Стево Пендаровски на вечерашната прес-конференција порача дека по првиот круг се уште ништо не е одлучено и дека конечниот победник ќе се знае на 8 мај. Иако, како што кажа, резултатот е далеку од очекуваниот, од утре продолжува со средби со граѓаните, за да го промовира концептот во кој верува, а тоа е напредна, демократска, просперитена и европска Македонија.
„Од утре е нов ден, се разбира дека веќе од утре почнуваме со средби со граѓани кои ги практикувавме и досега. И тргаме практично од нула. Знаете, дека имаше седум кандидати како никогаш досега и веројатно тоа беше една од причините зошто гласовите се поделија на повеќе страни. И веројатно некој од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг земаа дел од она што беше претпоставен електорат на првите два кандидати кои продолжуваат понатаму. Меѓутоа, повторувам, тргнувам од нула, тргнуваме од почеток. Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и мојата задача ќе биде како и во изминативе 20 денови да го промовирам концептот во кој длабоко верувам. Тој концепт на држава која не е изолирана, држава која е интегрирана во Европа и држава која внатре нема поделби по било која основа, е моето животно кредо, мојата политичка филозофија која ја застапувам не само овие 20 дена во кампањата, и не само овие пет години во претседателскиот мандат, туку откако паметам за себе“ порача Пендаровски.
Тој ги охрабри граѓаните, на 8 мај уште помасовно да го поддржат неговиот концепт кој меѓу другото е концепт на обединување, без поделби на граѓаните по ниту една основа.