Македонија
191 – Отворена бесплатна линија за пријавување на неправилности
Објавено на
Од
Media Press
Од понеделник граѓаните на 191 можат да пијават неправилности во угостителски објекти во кои има гости и драстично зголемени цени на основните прехранбени производи и средства за дезинфекција

На
оваа бесплатна линија – 191 ќе можат да се пријават неправилности за
непочитување на препораките на Владата за заштита од коронавирусот.
Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека
Владата на почетокот на неделата донесе одлука за замрзнување на цените на
основните производи како што се леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи,
јајца, брашно, месо, тестенини, но и лекови и дезинфекциски средства. Исто така
со цел за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот беше донесена и
одлука да се затворат сите ресторани, кафетери и барови каде што се собираат
луѓе.
„Пазарниот инспекторат е на терен и контролира кои
угостителски објекти се затворени, односно кои угостителски објекти не ги
почитуваат одлуките на Владата. Исто така засилени се контролите во
супермаркетите во однос на цените на основните прехранбени производи но и на
средствата за дезинфекција. Свесни сме за големата паника која што се
предизвика кај граѓаните кои решија да купуваат масовно и нерационално. Со цел
да им излеземе во пресрет на инспекторите кои што работат на терен и по 18
часови на ден во интерес на заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните
заедно со Пазарниот инспекторат ја отворивме бесплатна линија 191 на која сите
граѓани кои ќе утврдат дека има прекршување на овие одлуки, односно дека има
кафулиња и ресторани кои работат или пак има зголемување на цените во
супермаркетите во последните две недели тогаш ќе може веднаш да пријави, а
пазарниот инспекторат да постапи на терен“ кажа министерот Бектеши.
Потенцираше дека на оваа бесплатна линија сите граѓани ќе
можат од понеделник да пријавуваат неправилности по што веднаш ќе бидат вратени
цените на основните производи кои што биле на 11 март.
„Сакам да алармирам до сите граѓани, угостители и трговци кои
што нема да ги почитуваат препораките на Владата дека ќе бидат казнети со казна
од 5.000 евра и согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик казна затвор и до
една година.
Поврзани содржини

Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 14,50 ден/лит

Од средината на април граѓаните од дома ќе избираат од кој маркет ќе пазарат, трговците ќе мора да ги објавуваат цените на своите интернет страници

МФ за зголемувањето на цените на полисата за автоодговорност: Извршена е корекција на цената во делот на премија (режиски трошоци)

Намалување на цените на бензинот и на дизелот

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината, владата донесе одлука

Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

