Македонија
Кинески лекари со совети за справување со корона вирусот
Објавено на
Од
Media Press
Во Италија алармантно расте бројката на заболени и на починати од корона вирус. На дневна база последнава недела имаше 2-3.000 заразени за денес бројката на ново заразени да се искачи на 5.322 во само еден ден. Со смртност повеќе од двојно поголема и од онаа во Кина, од 9.800 вкупно до сега починати во светот од корона вирус дури 3.405 се од Италија со што ја надмина и Кина која досега има 3.245 жртви.
Затворете се, нема друго решение, порачуваат кинески лекари.
„Низ ова што поминувате, ние претходно поминавме во Вухан. Голем е бројот на заразени со коронавирусот во Италија. Исто така се зголемува и бројот на пациентите во болниците, а истовремено се зголемува и бројот на жртвите. Доколку мерките за изолација се зголемат, многу е полесно да се менаџира ситуацијата. Сега за сега треба да се затворат сите економски активности. Сите жители треба да останат дома, во карантин. Друго решение не постои, порачаа кинеските лекари.
-Потребни се силни мерки. Доколку сакате да спасите човечки животи, затворете се, нема друго решение во овој случај, порачуваат тие.
Поврзани содржини

УАПСЕН УШТЕ ЕДЕН ИТАЛИЈАНСКИ МАФИЈАШ: Едгардо Греко падна во Франција!

Италија стравува од повторно разгорување на заразата со корона вирусот и зголемување на бројот

ИТАЛИЈА ги отвори границите за туристите од ЕУ

Во Рим во последните 48 часа нема смртни случаи од Ковид-19

152 македонски граѓани репатрирани од Италија, вкупно 3032 се репатрирани од над 15 земји

Совети за правилна самоизолација

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

