Македонија
Како започна се, и дојде до вонредна состојба во државата
Објавено на
Од
Media Press
Во декември 2019 година,
во градот Вухан, во провинцијата Хубеи во Народна Република Кина, се појавува
нов Корона вирус кој почна да се шири за кратко време и во другите провинции на
Народна Република Кина. Оваа болест е акутна респираторна инфекција во категорија
Б (врз основа на Упатството за превенција и третман на заразни болести на
Народна Република Кина). Преземајќи серија превентивни и мерки на третмани,
епидемијата во Народна Република Кина конечно е стабилизирана од стотици, до
неколку случаи дневно. Останатите провинции во Народна Република Кина
закрепнуваат од епидемијата, додека ширењето надвор од Народна Република Кина
постојано расте.
На 11 март 2020 година, Светската Здравствена Организација
прогласи пандемија на новиот Корона вирус COVID-19, поради фактот дека се
работи за нов вид на Корона вирус, како и поради фактот дека е проширен на
повеќе континенти.
Пандемска епидемија или пандемија е состојба на ширење на заразна болест на широка територија, повеќе држави или континенти, а особено кога има ширење на поголема територија на нова непозната болест.
Со ова, Светската Здравствена Организација
упати силна и јасна порака до сите земји во Светот дека состојбата со COVID-19
е крајно сериозна и дека секоја држава, согласно својата поставеност и
здравствен систем, мора да почне да се подготвува за справување со оваа криза.
Овој вирус во Европа, во тој момент, беше проширен најмногу
во Република Италија, каде што брзината на ширење достигна енормни размери.
Првиот позитивен случај во Република Македонија е регистриран на 26 февруари 2020 година и до денес, 18 март 2020 година, бројката на потврдени случаи изнесува 42 позитивни случаи.
Следејќи го текот и прогресот на сите преземени мерки и активности за справување со оваа состојба за време на овој период, Владата на РС Македонија донесе Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, Одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, Одлука за забрана и посебен режим на движење на дел од територијата на земјава, на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа и Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало.
Одлуките, заклучоците, мерките и препораките на Владата се донесени на предлог и во координација со сите надлежни државни институции и тела.
Согласно претходно наведеното Владата на одржаната седница на 18.03.2020 година, донесе идлука да се прогласи вонредна состојба на целата територија на РС Македонија заради спречување на внесување, и ширење и справување со Корона вирус COVID-19, која одлука ја донесе претседателто на државата Стево Пендаровски.
На 18.03.2020 година, се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, до 21:00 часот, изнесува 42. Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот.
Моментална состојба со пандемијата во Светот со 201 илјада потврдени случаи и над 8000 починати лица. Вирусот е проширен во сите држави во Европа и на сите континенти. На ниво на Европа се потврдени над 74000 случаи.
Поврзани содржини

За претседателот Глигоров Европа беше национална цел, порача Филипче, на синоќешниот свечен настан по повод 35 години од независноста, во организација на СДСМ

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

63 празни столчиња и по една бела роза на нив, една година од трагедијата во Кочани

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

Бачев: ЛИНЕАРНО ИЛИ ПРОЦЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИИТЕ

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

