Categories: Македонија

Стопанската комора на Македонија ќе направи сѐ за да ги спаси компаниите

Острите реакции на компаниите на денешното објавување на сетот на економски мерки само ја потврди јавната изјава на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески дадена во неделата дека позициите на јавниот и приватниот сектор се многу оддалечени. Потребни се максимални напори на тешко преговарање да се дојде до најдоброто решение затоа што во меѓувреме работите се менуваат од час во час. Најдобра потврда за тоа е состојбата со автомобилската индустрија во Европа, што укажува на сериозноста на кризата и на одговорноста која ја носиме. Затоа, најдоброто решение е на стопанските субјекти јасно и недвосмислено да им се предочи дека со сите средства кои стојат на располагање државата на краток рок ќе го сочува бизнисот и компаниите, за тие да ја сочуваат нејзе на среден и долг рок.

Втората работа која што треба да се нагласи во овој момент е дека не треба да има недообјаснети формулации. Јасно треба да се каже дека ќе се употреби сè да ја совладаме оваа огромна опасност и по нашите животи и по опстојувањето на бизнисот. Се разбира дека после тоа ќе се седне и повторно со преговори ќе се најде начин да се надомести направената штета.

Ова не е работа за која што сме ние виновни, но е работа за која што сме одговорни. Да ја изведеме со најголем степен на ризик, затоа што само така можат последиците да бидат помали. Заради заедничко утврдување на клучните приоритети за што поуспешно справување на македонската економија со тековните состојби, Стопанската комора на Македонија во четврток (19.03.2020 година) и петок (20.03.2020 година) ќе организира состаноци помеѓу компаниите-најголеми извозници во македонската економија со директорот на Царинската Управа, и на претседателите на здруженијата според дејности со креаторите на економските политики.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago