Categories: Македонија

Како започна се, и дојде до вонредна состојба во државата

Во декември 2019 година, во градот Вухан, во провинцијата Хубеи во Народна Република Кина, се појавува нов Корона вирус кој почна да се шири за кратко време и во другите провинции на Народна Република Кина. Оваа болест е акутна респираторна инфекција во категорија Б (врз основа на Упатството за превенција и третман на заразни болести на Народна Република Кина). Преземајќи серија превентивни и мерки на третмани, епидемијата во Народна Република Кина конечно е стабилизирана од стотици, до неколку случаи дневно. Останатите провинции во Народна Република Кина закрепнуваат од епидемијата, додека ширењето надвор од Народна Република Кина постојано расте.

На 11 март 2020 година, Светската Здравствена Организација прогласи пандемија на новиот Корона вирус COVID-19, поради фактот дека се работи за нов вид на Корона вирус, како и поради фактот дека е проширен на повеќе континенти.

Пандемска епидемија или пандемија е состојба на ширење на заразна болест на широка територија, повеќе држави или континенти, а особено кога има ширење на поголема територија на нова непозната болест.

 Со ова, Светската Здравствена Организација упати силна и јасна порака до сите земји во Светот дека состојбата со COVID-19 е крајно сериозна и дека секоја држава, согласно својата поставеност и здравствен систем, мора да почне да се подготвува за справување со оваа криза.

Овој вирус во Европа, во тој момент, беше проширен најмногу во Република Италија, каде што брзината на ширење достигна енормни размери.

Првиот позитивен случај во Република Македонија е регистриран на 26 февруари 2020 година и до денес, 18 март 2020 година, бројката на потврдени случаи изнесува 42 позитивни случаи.

Следејќи го текот и прогресот на сите преземени мерки и активности за справување со оваа состојба за време на овој период, Владата на РС Македонија донесе Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, Одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, Одлука за забрана и посебен режим на движење на дел од територијата на земјава, на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа и Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало.
Одлуките, заклучоците, мерките и препораките на Владата се донесени на предлог и во координација со сите надлежни државни институции и тела.

Согласно претходно наведеното Владата на одржаната седница на 18.03.2020 година, донесе идлука да се прогласи вонредна состојба на целата територија на РС Македонија заради спречување на внесување, и ширење и справување со Корона вирус COVID-19, која одлука ја донесе претседателто на државата Стево Пендаровски.

На 18.03.2020 година, се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата,  до 21:00 часот, изнесува 42. Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот.

Моментална состојба со пандемијата во Светот со 201 илјада потврдени случаи и над 8000 починати лица. Вирусот е проширен во сите држави во Европа и на сите континенти. На ниво на Европа се потврдени над 74000 случаи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago