Connect with us

Радовиш

Состанок на штаб за заштита и спасување Општина Радовиш

Avatar

Published

на

На 19.03.2020 год. одржан е состанок на Штаб за Заштита и Спасување на Општина Радовиш во присуство на сите членови на штабот на иницијатива на Командантот на штабот Герасим Конзулов.

На состанокот беа присутни и Секретарот на Општина Радовиш Драги Стојанов и Директорот на ЈП ,,Плаваја” Дејан Крстев. Според состојбата во земјатата и препораките од Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство и Законот за заштита и спасување, состанокот има за цел да се упатат апели и препораки до граѓаните на општина Радовиш и останатите субјекти во општината.Од состанокот произлегоа следниве заклучоци:

  • Од Градскиот пазар се отстранува продажбата на текстилни производи и истиот ќе биде наменет само за продажба на прехрамбени артикли т.е.овошје и зеленчук со работно време од понеделник,среда и сабота и истото да биде контролирано од полициски службеници и пазарна инспекција.
  • Дезинфекцијата на улиците и јавни површини на подрачјето на општината продолжува понатам.у– Се воведува редуцирање на работното време на вработените во Општина Радовиш од 08:00-14:00 часот со по еден вработен во канцеларија.
  • Се препорачува граѓаните во објектот на Општина Радовиш да користат соодветна заштита
  • Градоначалникот на Општина Радовиш нема да врши прием на граѓани се додека трае епидемијата, за сите прашања граѓаните можат да се обратат на тел. 032/617-700.
  • Народната кујна во општина Радовиш продолжува со работење за опслужување на одредената група корисници со оброк, согласно препораките за заштита одвирусот корона
  • Се задолжуват превозниците на такси превоз секојдневно да вршатдезинфекција на своите возила кое ќе подлежи на контрола од Сообраќаен инспектор.
  • Се упатува апел до граѓаните беспотребно да не излегуваат од домовите и да се придржуваат до препорачаните мерки од Владата и Министерството за здравство.
  • Се упатува апел ОВР Радовиш да дејствува во случај на појава поголеми групи на граѓани.
  • Ќе бидат вклучени волонтери од страна на Општината и Општинската организација на Црвен Крст- Радовиш за достава на неопходни средства за стари и изнемоштени лица и граѓани во изолација.
  • Се апелира до граѓаните кои поседуват домашни животни, да обезбедат максимална хигиенски услови при нивното одгледување.
  • Се апелира погребните обреди да се одвиват во потесен круг на семејството.
  • Се апелира граѓаните да бидат совесни при купување на поголеми количини на прехрамбени и заштитни и дезинфекциски средства, непотребно да не се прави залиха на истите, како би се овозможило секој да има пристап до истите.
  • Се задолжува пазарната инспекција да врши строги контроли на цените на прехрамбени производи. Сите овие апели, препораки,задолженија од состанокот на Штабот за заштита и спасување на Општина Радовиш, може да претрпат измени, во зависност од состојбатана подрачјето во нашата земја и препораките и мерки донесени од Влада на Република Северна Македонија.

Штаб за заштита и спасување на општина Радовиш
Командант Герасим Конзулов

Радовиш

СОУ Коста Сусинов од Радовиш, домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ

Avatar

Published

на

СОУ Коста Сусинов од Радовиш денеска беше домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ, кое има натпреварувачки карактер и за прв пат се одржува во Радовиш.

Околу 1500 ученици од 45 училишта од Република Македонија денеска ги претставија своите програми и своите вештини и квалитети. Настанот го отвори директорот Миле Арсов, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.

Радовиш денеска вриеше од ученици и наставници, како во средното училиште така и по улиците, како и во Музејот на лубовта и уметноста и библиотеката Браќа Миладиновци.

Прочитај повеќе

Радовиш

Физичка пресметка на улица во Радовиш, нарушен јавниот ред и мир

Avatar

Published

на

Физичка пресметка на улица во Радовиш во која учествувале и двајца малолетници.

На 09.05.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(20), М.Т.(19) и двајца малолетници, сите од село Ињево, радовишко, од една страна и А.К.(35) од Радовиш, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Радовиш

Avatar

Published

на

СДСМ одржа Митинг во Радовиш каде пред граѓаните ја презентираа својата програма и ја побараа поддршката, но и потсетија зошто да не се гласа за противничката политички партија.

„Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми, крај на борбата за независно судство.

Не дозволувајте ВМРО да продава евтини демагогии за иднината. Сетете се како неговиот ментор од Будимпешта ја ограби и ја зароби државата. Сетете се на повеќе од пола милијарда евра народни пари потрошени за криминалниот проект Скопје 2014. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор кои ги запишуваа по списоци, пикаа по автобуси и носеа на контра протести во Скопје, на натепаните студенти. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци и фамилијата која беше на власт,“ порача пред радовишани петседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Радовиш.

Ковачевски од Радовиш порача: Во среда гласајте ЗА европска иднина, за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!

Свое обраќање имаа и кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, носителот во ИЕ4 Венко Филипче и коносителот во ИЕ4 Јована Тренчевска.

„ Сега повеќе од било кога ни е потребно единство.Исправени сме пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ. Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај, истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче кој се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш.

Кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, ја побара поддршката од Радовишани притоа спомнувајќи дека и како одговорно лице на Здравствен дом Радовиш работела во интерес на граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина.

Прочитај повеќе