Македонија
МОН апелира сите универзитети да се обидат да воведат онлајн настава
Објавено на
Од
Media Press
Од понеделник сите
високообразовни установи во земјата да воведат онлајн настава со цел да
продолжи академската година и студентите да го совладуваат материјалот согласно
студиските програми на кои се запишани. Оваа тема беше фокус на разговорот
помеѓу министерот за образование и наука Арбер Адеми и претставници на јавните
и приватните универзитети на денешната средба во Министерството за образование
и наука, по која беше одржана и прес-конференција.
Министерот Адеми извести дека согласно информациите од високо
образовните установи, дел од нив веќе ја применуваат онлајн наставата за своите
студенти, но интенцијата е од следната недела оваа форма на настава да се
воведе на сите факултети.
„Се работи за начин на настава кој не е неизводлив и
практично дел од факултетите веќе го применуваат не само сега, туку и во
регуларен, нормален тек на студиската година. Олеснителна околност е и тоа што,
станува збор за студенти, личности на возраст кога дигиталните вештини се веќе
совладани, односно студентите посетуваат способности за ракување со ИТ уреди и
за примена на онлајн алатки и апликации за едукација, за разлика од, да речеме,
најмалите ученици првоодделенчиња, од кои голем дел не поседуваат ИТ уреди и не
знаат да ракуваат со истите и за нив онлајн наставата е прилично тешка и не
најсоодветна солуција. Овде ситуацијата е поинаква“, рече Адеми.
Министерот нагласи дека согласно информациите кои ги добил од
ректорите од аспект на можности и информатичко – технолошка опременост на
универзитетите и спремност на професорите да дадат личен придонес во целата
заложба, очекува во текот на следната недела со оваа форма на едукација да
бидат опфатени најголем дел од студентите.
„Тоа ќе биде голема придобивка за идните академски граѓани,
чие време нема да биде залудно потрошено додека трае оваа кризна состојба, која
тешко може да се предвиди во која насока ќе се движи, а ние сме должни активно
да делуваме со цел на некој начин да обезбедиме нормализација на многу процеси
во секојдневието кои се нарушени, вклучително и на образовниот процес“,
потенцираше Адеми.
На прес-конференцијата се обратија и проф. д-р Никола
Јанкуловски ректор на УКИМ и претседател на Интеруниверзитетската конференција,
како и проф. д-р Томе Неновски ректор на УАКС и претседател на Конференцијата
на приватни високо образовни установи во Република Северна Македонија кои
изразија уверување дека постои силна заложба и координација помеѓу
раководствата на универзитетите со цел да се помогне околу воведувањето на
форми на далечинско учење на сите високо образовни установи каде се уште тоа не
е направено.
Поради состојбата со ширењето на Корона вирусот, со одлука на
Владата сите образовни установи во земјата се привремено затворени, а
надлежните институции заедно со раководствата на градинките, училиштата и
факултетите изнаоѓаат начини на неформална едукација со цел квалитетно и
корисно пополнување на времето на децата на претшколска возраст, учениците и
студентите додека се дома.
Поврзани содржини

Левица:Предлог – Закони за основно и средно образование: ПРИВИЛЕГИИ ЗА ДИРЕКТОРИТЕ – РЕПРЕСИИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

Новата министерка најавува промени во образованието: Тоа што не дава резултати, мора да биде променето

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Училишните клупи сè уште празни, учениците трета недела не одат на училиште

Владата го повикува СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%, учениците треба да се вратат во училиштата

Влада: Платите во образование зголемени од 3.200 до 6.400 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

