Мерки и активности преземени од градоначалникот Конзулов за заштита од Корона вирус

Врз основа на законските одредби за утврдување на мерките за спречување на појава,внесување, рано откривање и спречување на ширењето и сузбивање на корона вирусот заради заштита на населението на општина Радовиш, градоначалникот на општината Герасим Конзулов во рамките на своите законски овластувања ги реализира следните мерки и активности за превенција:

  • Сите граѓани од општина Радовиш, кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, строго да се придржуваат кон Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација. за време на траење од 14 дена.
  • МВР СВР Радовиш на дневна основа задолжително да доставува податоци за лицата кои се пристигнати од високо и средно ризичните држави и да врши постојана контрола за почитување на Наредбата за спроведување на задолжителната самоизолација.
  • Во соработка со ЈП ,,Плаваја,, -Радовиш, се врши дезинфекција на улиците и контејнерите за собирање на смет.
  • Се дезинфицираат просториите на образовните институции, градинките, културниот дом, библиотеката и др.
  • Во соработка со Црвен крст организирани се мобилни волонтерски екипи за достава на неопходни средства до ранливите категории на лица: стари, изнемоштени лица, лица со попреченост кои имаат потешкотии со движењето, со цел да им се овозможи секојдневно функционирање и да не се изложуваат на дополнителна опасност.

    Помошта на мобилните екипи се состои од помош за набавка на намирници,подигање на лекови, достава до домовите и плаќање на сметки.За помош од волонтерските екипи заинтересираните граѓани да се јават на следните телефонски броеви:
    072-277-177 Црвен крст општинска организација Радовиш
    075-309-370 Општина Радовиш

    Се молат граѓаните да не ги злоупотребуваат телефонските броеви.
  • Општина Радовиш следејки ги препораките од Министерството за здравство,на огласната табла и електронски, објави телефони за контакти со стручните служби на општината.
  • За секоја промена на ситуацијата во општината а во врска со пандемијата ке бидете навремено информирани


    Со почит, Градоначалник на
    општина Радовиш
    Герасим Конзулов

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago