Македонија
Мерки за претпазливост за лицата кои управуваат тешки товарни моторни возила
Објавено на
Од
Media Press
Како дел од заклучоците на
Владата на вчерашната седница беа донесени посебни мерки и за лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на
КОВИД – 19, а кои управуваат тешки товарни моторни возила за превоз на
прехранбени производи и друга стока, за време на нивниот транзитен превоз и
престој, товар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги
почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:
– Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци
од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет.
– Се забранува контакт со други лица
– Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително
да користат лични заштитни средства и тоа:
– ракавици за еднократна употреба,
– заштитни маски N 95 или FFР 3 со единечен филтер
– нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни
наочари и каљачи
Заради можноста од остварување на директен респираторен
контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се
препорачува:
– Да спијат во кабините на своите моторни возила.
При враќање во РСМ да стапат во контакт со надлежна
епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни
инструкции за мерки и постапки доколку пројават симптоматологија.
За време на патувањето
– После секој контакт во маркет, продавница, тоалет
задолжителна е дезинфекција на рацете
– Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од
10-15 секунди (особено со лица со симптоми)
– Почесто проветрување на кабината за време на возењето
– При престојот во кабина нема потреба од носење на лична
заштитна опрема
– Забрането е примање на слепи патници
– Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на
база на алкохол за време на патувањето
Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да
изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно
нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.
Министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес конференција потврди дека има пет нови пациенти заболени со коронавирус во државата и двајца кои биле позитивни на вирусот тестирани во приватна лабораторија на Жан Митрев, а на кои повторно ќе се им се направи проверка на Институтот за јавно здравје.
Поврзани содржини

Поради топлотниот бран кој ја зафати земјава усвоени препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година

СДСМ предлага сет на мерки за намалување на загадувањето, апелира власта да ги прифати

Нов топлотен бран со температура од 40 степени, Владата донесе мерки за превенција

Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за казнетите во корона периодот

Нови 40 случаи на Ковид во Југоистокот во последните три дена

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

