Connect with us

Македонија

Од денеска едукативни содржини по предметите кои децата ги изучуваат на училиште

Виолета | Media Press

Published

on

МТСП: Апелираме до родителите да ги користат достапните содржини и едукативни емисии за деца од предучилишна возраст.

Децата треба да го продолжат учењето и додека се дома. Една од мерките кои ги усвои Владата за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата. Децата од предучилишна возраст  не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека воспитно-образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови.

Препорака на Министерството за труд и социјална политика е да се практикува оваа листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите.

Видете ја оваа листа бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за вашето дете https://uni.cf/2xsDMB3

Воспитанието и образованието е процес, а не чин. Да им помогнеме на децата да продолжат со учење дома во периодот додека градинките се привремено затворени.

Воедно информираме дека од денес на МРТВ започнува емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“. Трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои децата ги изучуваат на училиште. За децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно нивната возраст, информираат од ​Министерството за труд и социјална политика.

Македонија

Одржана првата седница на новиот парламантарен состав

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска на правата седница на новиот  парламантарен состав се верифицираа мандатите на пратениците.

 Со 116 гласови – ЗА, граѓаните го добија десеттиот парламентарен состав  со новите 120 пратеници.

Седницата се одржа под посебни здравствени протоколи. За прв пат на врвот на собраниската зграда, во Куполата каде што има услови да се почитуваат корона-мерките. Со седницата претседаваше Талат Џафери.

Изборот за прeтседател, заменик претседател и членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието ќе се случат кога ќе се создаде мнозинство  од 61 пратеник за формирање на новата влада. Во новиот пратенички состав има 77 мажи и 44 жени. Граѓаните на Радовиш ќе ги застапуваат двајца пратеници Коле Чаракчиев од СДСМ и коалицијата и Здравко Трајанов од ВМРО – ДПМНЕ и колацијата, кои денеска за пра пат влегоа во собраниската сала.

Continue Reading

Здравје

Направени се 830 тестирања, 75 нови случаи на Ковид -19, 5 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, соопшти министерството за здравство преку Фејсбук. Најмногу новозаболени по градови има повторно во Скопје 32. Потоа во Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавадарци 8, Гостивар 8, Струмица 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 2 и Неготино 1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од:

-Скопје 50
-Куманово 16
-Прилеп 2
-Тетово 5
-Струга 28
-Охрид 18
-Гостивар 2
-Крушево 1
-Кочани 1
-Македонски Брод 1
-Кратово 1
-Свети Николе 10
-Кичево 1

Continue Reading

Култура

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва – 4 август 2020 година, вторник, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
Јубилејното 60-то издание на “Охридско лето” годинава првпат од основањето на Фестивалот ќе се одржува во термин различен од вообичаениот и согласно условите наметнати од епидемијата на коронавирусот.

Continue Reading