Connect with us

Македонија

Се тестираат нови 7 пациенти, кои се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид

Avatar

Published

на


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за состојбата на пациентите заразени од корона вирус.

Сите 13 пациенти коишто се сместени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се во стабилна состојба, идентична како во текот на вчерашниот ден. Првата пациентка од Дебар е на респираторна машина со значајно подобрување на параметрите по приклучувањето на механичката вентилација, но со сè уште непредвидлива прогноза поради тоа што во оваа ситуација многу често доаѓаат компликациите во текот на лекувањето. Сите други пациенти се со лесна клиничка слика, вклучувајќи го и 15 годишниот пациент – сите сместени на одделот за изолација. Прво заболената пациентка од утре ќе биде на домашно лекување.

„Имаме 7 нови материјали коишто се работат. Станува збор за пациенти кои се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија. По неколку дена од враќањето развиле висока температура. Сега се во одделите за изолација таму и во текот на денот ќе бидат готови резултатите. Лицата кои се тестираат според епидемиолошкиот прашалник изјавиле дека претходно биле во домашна изолација. Понатаму, од Охрид еден пациент и две родилки коишто вчера се донесени од Дебар. Едната е во болницата во Охрид, другата е во Скопје. Тие се во изолација и се во стабилна состојба, не се непосредно пред породување, меѓутоа ги донесовме тука за да се направат тестовите и да бидат спремни за породувањето“, потенцираше министерот Филипче.

На прес-конференцијата министерот Филипче истакна дека во државата има 120 респиратори.

„Во државата има околу 120 респиратори, најголемиот број – близу 90 се во Скопје. На денешниот координативен состанок со директорите на Клиниките донесовме неколку одлуки. Прво, целиот здравствен персонал во сите јавно-здравствени установи и приватни болници го мобилизираме и ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план за делување, доколку е потребно да работат во здравствена установа каде што ќе биде потребно. Сакам да изразам благодарност до приватните болници коишто уште во текот на минатата недела целосните капацитети ги ставија на располагање, вклучително и близу 70 интензивни легла, со респираторни машини за оваа патологија. Клиниките нема да ги одржуваат своите редовни утрински стручни колегиуми, со цел да се намали контактот помеѓу колегите, ќе се координираат телефонски, така ќе се извршува и оперативниот програм со координација помеѓу вработените и под раководство на директорот“, рече министерот Филипче.

Министерот Филипче изјави дека се одложуваат сите хронични пациенти, оние на кои интервенцијата може да се одложи. Се третираат само итните и малигните случаи кај коишто исто така нема простор за одложување.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=Z1Qu-m6oEMQ&feature=youtu.be

Избори 2024

Мицкоски: Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај

Avatar

Published

на

-Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства ниту методи за да си ги задржат фотелјите. Добија жолт картон вчера, на 8 мај треба да добијат црвен. Црвен картон за цела влада. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства. Сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминатите денови. Ова е револуција на народот на Македонија и таа нема да запре. Затоа ве молам, ве молам за поддршка од сите. Повикувам за сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против оваа влада! Порача лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски: Нема предавање, се уште ништо не е одлучено, конечниот победник ќе се знае на 8 мај

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на вечерашната прес-конференција порача дека по првиот круг се уште ништо не е одлучено и дека конечниот победник ќе се знае на 8 мај. Иако, како што кажа, резултатот е далеку од очекуваниот, од утре продолжува со средби со граѓаните, за да го промовира концептот во кој верува, а тоа е напредна, демократска, просперитена и европска Македонија.

„Од утре е нов ден, се разбира дека веќе од утре почнуваме со средби со граѓани кои ги практикувавме и досега. И тргаме практично од нула. Знаете, дека имаше седум кандидати како никогаш досега и веројатно тоа беше една од причините зошто гласовите се поделија на повеќе страни. И веројатно некој од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг земаа дел од она што беше претпоставен електорат на првите два кандидати кои продолжуваат понатаму. Меѓутоа, повторувам, тргнувам од нула, тргнуваме од почеток. Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и мојата задача ќе биде како и во изминативе 20 денови да го промовирам концептот во кој длабоко верувам. Тој концепт на држава која не е изолирана, држава која е интегрирана во Европа и држава која внатре нема поделби по било која основа, е моето животно кредо, мојата политичка филозофија која ја застапувам не само овие 20 дена во кампањата, и не само овие пет години во претседателскиот мандат, туку откако паметам за себе“ порача Пендаровски.

Тој ги охрабри граѓаните, на 8 мај уште помасовно да го поддржат неговиот концепт кој меѓу другото е концепт на обединување, без поделби на граѓаните по ниту една основа.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски ја продолжуваат трката за претседател

Avatar

Published

на

Мирно и без позначајни изборни проблеми помина првиот круг од претседателските избори, на кои според освоените гласови, за трка во вториот круг кој ќе се одржи на 8 мај, се пласираа кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, како и кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.

Гордана Силјановска – Давкова, со освоени 362.682 гласови (99,82% преброени) е во значителна предност пред Пендаровски.

Односно кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски вчера во првиот круг од претседателските избори освои 180.306 гласови (99,85% преброени), што е првпат во историјата на партијата да освои помалку од 200 илјади гласови на парламентарни и претседателски избори.

Според податоците на ДИК, Давкова на вчерашниот прв круг победи во 60 општини, а Бујар Османи со освоени 120.903 во 15. Понатаму, Пендарвски освои најмногу гласови во три општини, а Арбен Таравари со освоени 83.356 победи во општината каде што е градоначалник, како и Максим Димитриевски кој освои 83.787 победи во Куманова каде каде што е градоначалник. Кандидатот од Левица Билјана Ванковска освои 41.172 гласа. најмалку освоени гласови имаше Стевчо Јакимовски 8103 гласови.

Вториот круг од претседателските избори, како и парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај. Во вториот круг од претседателските избори одат Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова.

Најмногу гласови во прв круг од претседателски избори досега СДСМ има освоено за Киро Глигоров, кој освои 715.087 гласови во 1994 година резултат кој тешко дека некогаш ќе се повтори за некој кандидат за претседател.

Прочитај повеќе