Connect with us

Македонија

Поднесени кандидатските листи за пратеници до ДИК

Avatar

Published

на

Кандидатски листи за предвремените парламентарни избори на 12 април, до Државната изборна комисија  (ДИК),  поднесоа коалицијата предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, Интегра, СДУ, Работничката партија, ГДУ, Глас за Македонија, партијата Демократи, новата партија Твоја, коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“… во законски предвидениот рок до ноќеска на полноќ.

Се очекува ДИК денеска да соопшти колку коалиции и партии поднеле кандидатски листи и за колку изборни единици. Исто така се очекува денеска ДИК да потврди дали и како ќе се организира гласање во дијаспората. Во однос на гласањето од странство тоа зависи од бројот на прифатени пријави и состојбата со Ковид-19.

Најголем дел од коалициите и политичките партии, според најавите од нивните штабови, поднеле кандидатски листи за сите изборни единици, вклучувајќи ја и дијаспората.

По поднесувањето на кандидатските листи ДИК проверува дали тие се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик. Кандидатските листи што ќе бидат доставени по рокот ќе бидат отфрлени.

ДИК исто така проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и Изборниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Овие институции се должни во рок од 24 часа електронски до ДИК да ги достават бараните податоци за кандидатите. Ова е новина за Комисијата, која се воведе со последните измени на Изборниот законик. Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите.

Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март.

Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе