Connect with us

Радовиш

ЈП Плаваја, Радовиш со мерки за превенција од корона вирус

Avatar

Published

на

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот ЈП Плаваја од Радовиш согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство со апел до граѓаните во кој се вели:

1. Сите Ваши потреби со службите на ЈП„Плаваја“ да ги извршувате преку телефон или со електронски пораки (email).

2. Плаќањето да го Вршите преку електронската наплата на веб страницата на претпријатието (www.plavaja.com.mk) или електронските банкарства на Вашите банки. Сите наплатни пунктови се во функција и во крајна потреба можете да ги користите и нив или некој од Вашите досегашни начини на наплата.

4. За сите проблеми да ги контактирате Раководителите во ЈП„Плаваја“ по телефон и тоа:

Проблеми со водоводни и канализациони инсталации (дефекти, запушувања, истекувања, нови приклучоци и слично):
ГОЦЕ ДЕДИНЕЦ – 071 396 001

Проблеми од правна природа (извршувања, тужби, опомени и слично):
МАРИЈА ВАЛАКОВА – 071 396 020

Проблеми поврзани со сметките кои ги добивате од ЈП„Плаваја“ (корекции, грешки, одјавувања и слично):
СТРАХИЛ ГАВРИТОВ – 071 396 003

Раководителите ќе одговорат на Вашите прашања и проблеми и ќе Ве упатат во понатамошните постапки. ФИКСЕН ТЕЛЕФОН ПОРТИРНИЦА: 032 635 323

Отворени електронски пошти: info@plavaja.com.mk или plavaja.radovis@gmail.com

-Исто така Ве известуваме дека Читачите на водомери (Инкасаторите) нема да вршат читање на Вашите водомери кои се наоѓаат во Вашите домови туку само на водомери кои се наоѓаат во шахта надвор од Вашите домови. Доколку сакате да добиете сметка со точна состојба на водомерите, истата можете да ja пријавите на Читачите на водомери телефонски на броевите кои се објавени на веб страната на претпријатието www.plavaja.com.mk стои во апелот со препораки на ЈП Плаваја,  за заштита од корона вирусот.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе