Connect with us

Македонија

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе на седницата одржана на 10.03.2020 за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.

-Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој  се однесува. 
Истите ќе треба да се достават до секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата, се вели во известувањето од МТСП.

Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, од Министерството за труд и социјална политика велат и дека ослободувањето од работни активности на родители на деца/лица со попреченост е проширено на родители на деца и млади и над 10-годишна возраст. Родителите е потребно по истиот принцип наведен погоре да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост.

Македонија

Одржана првата седница на новиот парламантарен состав

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска на правата седница на новиот  парламантарен состав се верифицираа мандатите на пратениците.

 Со 116 гласови – ЗА, граѓаните го добија десеттиот парламентарен состав  со новите 120 пратеници.

Седницата се одржа под посебни здравствени протоколи. За прв пат на врвот на собраниската зграда, во Куполата каде што има услови да се почитуваат корона-мерките. Со седницата претседаваше Талат Џафери.

Изборот за прeтседател, заменик претседател и членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието ќе се случат кога ќе се создаде мнозинство  од 61 пратеник за формирање на новата влада. Во новиот пратенички состав има 77 мажи и 44 жени. Граѓаните на Радовиш ќе ги застапуваат двајца пратеници Коле Чаракчиев од СДСМ и коалицијата и Здравко Трајанов од ВМРО – ДПМНЕ и колацијата, кои денеска за пра пат влегоа во собраниската сала.

Continue Reading

Здравје

Направени се 830 тестирања, 75 нови случаи на Ковид -19, 5 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, соопшти министерството за здравство преку Фејсбук. Најмногу новозаболени по градови има повторно во Скопје 32. Потоа во Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавадарци 8, Гостивар 8, Струмица 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 2 и Неготино 1.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од:

-Скопје 50
-Куманово 16
-Прилеп 2
-Тетово 5
-Струга 28
-Охрид 18
-Гостивар 2
-Крушево 1
-Кочани 1
-Македонски Брод 1
-Кратово 1
-Свети Николе 10
-Кичево 1

Continue Reading

Култура

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва – 4 август 2020 година, вторник, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
Јубилејното 60-то издание на “Охридско лето” годинава првпат од основањето на Фестивалот ќе се одржува во термин различен од вообичаениот и согласно условите наметнати од епидемијата на коронавирусот.

Continue Reading