Гевгелија
Полицијата викендот откри нов случај на криумчарење мигранти, втор за само три дена
Објавено на
Од
Media Press
Мигрантите биле откриени во сабота ноќта, на автопатот Гевгелија – Скопје кај клучката Миравци. Се работи за 56 лица од кои 54- ца се државјани на Пакистан, а двајца од Авганистан. Мигрантите се откриени при контрола на товарно возило ДАФ со скопски регистарски ознаки кое го управувал 46 годишен скопјанец.
Веднаш по контролата возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пред само три дена група од 43 – ца мигранти беше откриена и на регионалниот пат помеѓу Струмица и Радовиш. И тие беа пронајдени при контрола на товарно возило.
И покрај тоа што полициските билтени често регистрираат вакви случаи надлежните уверуваат дека засега страв од нов мигрантски бран нема, а состојбата на јужната граница е стабилна. Обидите за нелегален премин на границата, но и за криумчарењето на мигрантите биле во рамки на вообичаеното за овој период.
Поврзани содржини

Бурен викенд во регионот, пронајдена дрога, возење под дејство на алкохол, семејно насилство

Жител од радовишко село физички го нападнал својот 74 годишен татко, полицијата го привела

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена

Пријава за пожар на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки

Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

