Categories: Регион

Оддржана првата од петте форумски сесии во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, а спроведуван од Програма за развој на обединетите нации – UNDP во општина Богданци се одржа првата форумска сесија од 5-те предвидени сесии од компонентата 2 која се однесува на Зајакнување на советите на општините преку финансиска поддршка (мали грантови) за приоритетни активности на општините што се избрани врз основа на јавни консултации.

Проектниот фонд кој е на располагање за општина Богданци во оваа компонента е 50.000 швајцарски франци. Средствата ќе бидат наменети за реализација на еден а најмногу до три проекти, кои ќе произлезат од  форумските сесии, а треба да се реализираат до крајот на Декември 2020 година.

На сесијата присуствуваа 50 претставници од повеќе сектори и области од општина Богданци кои земаа активно учество во процесот.

Од првата форумска сесија произлегоа вкупно 10 предлог решенија, проектни идеи.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago