Categories: Македонија

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во прoсек за 5,56%

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 5,56% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 24.02.2020 година.

Од ноќеска на полноќ 00:01 часот на 03.03.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 3 денари за литар и ќе изнесуваат 64 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 66,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,5 денари/литар и од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) на полноќ ќе изнесува 45,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,175 ден/кг и ќе изнесува 30,390 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 64,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 66,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 56,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 30,39 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago