Радовиш
ОДРЖАН СОСТАНОК СО ЖИТЕЛИТЕ ОД КОЏАЛИЈА И АЛИКОЧ
Објавено на
Од
Media Press
Вчера во просториите на општина Радовиш се одржа состанок на Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот Коле Чаракчиев, советникот Енис Омер, и Секретарот во општина Радовиш Драги Стојанов со жителите на селата Аликоч и Коџалија на чело со претседателите на овие месни заедници.
На состанокот од страна на претседателите на месните заедници беа изнесени нивните видувања за се онаа што досега е направено во нивните села во областа на инфраструктурата, образованието, комунални проблеми и други потреби на граѓаните од страна на локалната самоуправа.
Заеднички беше констатирано дека досега се што е направено е согласно годишните програми на општината и потребите на населението. Жителите исто така ги истакнаа и проблемите со кои се соочуваат.
На состанокот присуствуваа и Градежен инспектор, Комунален инспектор и Државен инспектор за земјоделие кои што ги слушнаа забелешките и укажувањата за работењето, а од страна на надлежните служби им беше укажано дека сите мора да ги почитуваат и да се придржуваат на законската регулатива во делот на комуналиите, градењето и бесправно користењето на државното земјиште.
Поврзани содржини

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Радовиш се подготвува за претстојните локални избори

Физичка пресметка помеѓу две лица од село Коџалија, радовишко, случајот пријавен во полиција

Координативен состанок „РАЗВОЈ НА ПАРК НА ВЕТЕРНИЦИ“ денеска се одржа во Радовиш

Трагедија во радовишко Коџалија, по удар од гром почина 20-годишно момче

Радовишките пожарникари изминатото деноноќие гаснеле шумски пожар во селото Коџалија, горела дабова шума

68 годишен жител од Аликоч бил физички нападнат по што пријавил во полиција
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

