Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство во изминатите две и пол години спроведе транспарентна
распределба на државното земјоделско земијште, согласно Законот за земјоделско
земјиште, се вели во реакцијата од МЗШВ по обвинувањата од страна на дополнителниот
заменик- министер Трипуновски, кога на прес конференција рече дека Трајан
Димковски и СДСМ на криминален начин сакаат да поделат илјадници хектари
државно земјоделско земјиште на свои партиски војници непосредно пред избори.
-Вкупно 2 огласи и 4 јавни повици за распределба на државно
земјоделско земјиште се распишани во последните месец ипол дена, со кои
спротивно на законски и подзаконски акти се предвидува можност за расцепкување
на земјоделските парцели помеѓу повеќе лица. Димковски постапува во спротивност
на неколку закони кој го регулираат земјоделското земјиште и Правилникот за
избор на најповолен понудувач. Имено
со постапките за доделување на земјоделско земјите Димковски го крши членот 3
став 6 од правилникот, со кој е
предвидено дека неможе да се цепи една катастарска парцела, при што врши измена
на правилникот на 22 јануари, еден ден пред завршување на постапките, вели
Трипуновски на прес конференција.
Од МЗШВ со рекација: -Во врска со изнесените информации од дополнителниот заменик-министер
за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, дека МЗШВ постапува незаконски во
распределбата на државното земјоделско земјиште со последните 4 јавни повици и
2 огласи, ја информираме јавноста, дека посочените јавни повици и огласи се
распишани по барање и според потребите
на земјоделците и истите ќе бидат спроведени согласно сите позитивни
законски одредби, за што и беа предложени соодветни дополнувања на Законот за
земјоделското земјиште. Доделувањето на земјиште од 4 –те јавни повици ќе се реализира согласно
законот, по завршување на распишаните предвремени парламентарни избори. Додека,
2-та јавни повици во транспарентна и законита постапка се завршени и за нив се
веќе склучени договори.
За првпат државното земјоделско земјиште се доделува транспарентно и
законски. Одлика на оваа Влада е да работи во интерес и за потребите на
земјоделците.
Дополнителниот заменик- министер Трипуновски, веројатно заборавил дека
токму денешната негова цитирана законска одредба, е непрекинатно прекршувана во
периодот на ВМРО ДПМНЕ од 2008 до јуни 2017-та година, за што и се водат соодветни постапки против
инволвирани во спроведувањето на повиците и огласите за распределба на државно
земјоделско земјиште стои во рекацијата од МЗШВ.