Categories: Струмица

Три лица повредени во сообраќајна несреќа што се случи викендот на патот Струмица Ново Село

На 15 февруари  во 07.40 часот на магистрален пат Стримица Ново село делница од село Дабиле до село Босилово, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три возила. Патничко возило “тојота”, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г. С. (27) од село Турново, патничко возило “шевролет”, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Г (64) од село Босилово и патничко возило “рено”, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А. од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото “рено”, кој е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле другите двајца возачи.

Увид на местото на незгодата извршил Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица во содејство со екипа на полициска станица Струмица.  Во Несреќата интервенирала и  ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 5 пожарникари, при што благодарение на брзата интервенција изгаснат е едниот автомобилот кој бил во почетна фаза на горење и  извадено е повреденото лице.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago