Categories: Струмица

Брендот „Струмица – Ѕвезда под небото“, ја доби наградата за најдобар туристички бренд, на меѓународниот саем за туризам во Софија

На меѓународниот саем за туризам „Holiday & Spa Expo” во Софија, Р. Бугарија, брендот „Струмица – Ѕвезда под небото“, ја доби наградата за најдобар туристички бренд со интегриран туристички производ, кој претставува спој на највпечатливите белези на Струмица.
Во името на Градоначалникот на Општина Струмица, наградата ја прими Ѓоко Ристовски, раководител на Одделението за меѓународна соработка и Европски фондови.
Брендот „Струмица – Ѕвезда под небото“ беше создаден во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020.

Градоначалникот Коста Јаневски го посети штандот на Струмица на меѓународниот саем за туризам во Софија, Р.Бугарија.

Струмица и Струмичкиот карневал беа претставени пред многубројните посетители на саемот, а бугарските посетители уште еднаш потврдија дека Струмица е исклучително интересна и атрактивна дестинација за бугарските туристи.

Целта на саемската промоција на Струмица е промоција на Брендот Струмица, Струмичкиот карневал и туристичката понуда на струмичките хотели кои имаа одлична можност за воспоставување на контакти со балканските туроператори.

Учеството на Меѓународниот саем за туризам „Holiday & Spa Expo” се реализира во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago